HMD ги претстави Nokia мобилните 6310, 5310 и 230

HMD усвои нов мултибренд пристап за своите мобилни телефони, но сепак се држи до брендот Nokia за фичерфон уреди.

Финскиот производител лансираше три нови модели, од кои секој претставува модерна верзија на класиката. Тоа се моделите 6310 (2024), 5310 (2024) и 230 (2024).

Nokia 6310 носи неколку нови функции за оваа година, сличен е на моделот 6310 од 2021 година, но HMD обезбеди батерија со поголем капацитет од 1.450 mA⋅h и USB-C порта. Останатите спецификации остануваат исти, има VGA камера со блиц, 2,8-инчен LCD екран на предната страна, слот за две SIM со можност за stand-by за двете картички и дополнителен слот за microSD картичка.

Nokia 5310 го задржа дизајнот на моделот од 2020 година, но всушност „порасна“, повисок е и поширок, што направи простор за батерија со капацитет од 1.450 mA⋅h. Уредот користи процесор unisoc 6531F наместо платформата на Mediatek. Има и поголем LCD екран од 2,8 инчи. Овој уред е фокусиран на музиката, а многумина се сеќаваат на моделот XpressMusic од 2007 година. Копчињата за репродукција се наоѓаат на десната страна на телефонот, додека копчињата за јачина на звук се на левата страна. HMD вклучи USB-C приклучок на дното, но „внатре“ сè останува исто, 8/16 MB меморија, слот за microSD, два звучника и FM радио.

Nokia 230 го доби истиот третман како и другите два модела, сличен дизајн и нова батерија. Задржан е истиот 2,8-инчен TFT екран со 65.000 бои, а има истата камера од 2 MP со LED блиц на предната и задната страна. Најголема разлика е батеријата со капацитет од 1.450 mA⋅h и USB-C портата. Bluetooth 5.0 е овозможен благодарение на процесорот Unisoc 6531F, а уредот сѐ уште има 3,5-милиметарски приклучок за слушалки и 8/16 MB меморија.

Цените сѐ уште не се објавени, а треба да се напомене дека уредите се ограничени на 2G мрежата, па нема да работат на 3G и поновите мрежи.

Тагови
реклама

Вучиќ: Вечерва ставив крај на кариерата

Read more

Како правилно се чисти чергичето пред врата?

Read more

Лекар советува каков чај да пиете за намалување на крвниот притисок

Read more

Земјотрес рано утринава ја погоди Грција

Read more

Мобилни

Познати спецификациите на смартфоните Honor 200 и Honor 200 Pro

Read more

Poco F6 и F6 Pro се појавија на пазарот

Read more

Apple ќе лансира целосно нов модел на телефон - iPhone D23

Read more

Пристигнуваат T Phone 2 и T Phone 2 Pro: 5G паметни телефони за сите

Read more
 

Гик

Познати спецификациите на смартфоните Honor 200 и Honor 200 Pro

Читај повеќе
  • filter

Poco F6 и F6 Pro се појавија на пазарот

Читај повеќе

Стигнаа нови емотикони: уморно смајли, харфа, лопата...

Читај повеќе

Дали веројатноста доаѓа од квантната физика?

Читај повеќе

Ray-Ban Meta очилата можат да прикачуваат фотографии директно на Instagram

Читај повеќе
  • play_arrow

Новиот лаптоп на Microsoft разговара со корисникот и е 58% побрз од MacBook Air

Читај повеќе

Кина ќе претвора кујнски отпад во гориво за бродови

Читај повеќе

Како воздушните турбуленции создаваат опасност на небото?

Читај повеќе
  • play_arrow

Игрицата The Precinct е како GTA, но играчите имаат улога на полицајци

Читај повеќе