Hyundai го претстави електричниот автобус Elec City
Компанијата Hyundai го претстави својот нов целосно електричен автобус Elec City што е опремен со литиум-јонски полимерски акумулатор од 256 kWh што го напојува електричниот мотор. Тој мотор развива снажност од 322 коњски сили, а дометот на автобусот е 290 километри.
Технологијата за брзо полнење овозможува акумулаторот да се наполни целосно за нешто повеќе од еден час.
Hyundai планира да почне со производство и продажба на Elec City во 2018 година.