И Бугарија се повлече од Евровизија

Бугарија стана најновата земја во серијата откажувања која нема да учествува на Евровизија 2023.

Откако радиодифузерите од Црна Гора и Северна Македонија веќе потврдија дека нема да учествуваат на натпреварот следната година поради зголемувањето на котизацијата, ним им се придружи уште една балканска земја - Бугарија. Како што пишува BBC, од земјите е побарано да одвојат повеќе пари за компензација на изгубените средства со забраната за учество на Русија.

Досега организаторот на натпревањето, ЕБУ, го потврди списокот од 37 земји учеснички за следниот Евросонг.

Колку плаќа секоја земја за учество на Евровизија не е јавна информација, но вкупната сума е околу 5 милиони фунти плус дополнителни трошоци што ги има домаќинот.

Бугарија, Северна Македонија и Црна Гора не успеаја да го поминат полуфиналето на овогодинешното натпреварување.

BBC очекува да потроши помеѓу 8 и 17 милиони фунти за организирање на настанот, планиран за мај следната година, на местото на Украина, која победи годинава и не е во можност да го организира поради специјалната воена операција која во оваа земја ја врши Русија и поради кои истата е суспендирана. Ливерпул е градот домаќин главно поради неговата „културна понуда што ја става Украина во срцето на настаните следната година“, јавува BBC.

Русија даваше значителен финансиски придонес во продукцијата на Евровизија.

реклама

Музика

Ирска ги згрози евровизиските гледачи: Гледавме ли сатанистички ритуал?

Read more

Кипарската Шакира воодушеви со настапот во првата полуфинална вечер на Евровизија

Read more

Таjчи по 34 години го облече фустанот што го носеше на Евровизија

Read more

Почнува Евровизија, преставничката на Израел не излегува од хотелската соба

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Ирска ги згрози евровизиските гледачи: Гледавме ли сатанистички ритуал?

Читај повеќе
  • play_arrow

Кипарската Шакира воодушеви со настапот во првата полуфинална вечер на Евровизија

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Таjчи по 34 години го облече фустанот што го носеше на Евровизија

Читај повеќе

Почнува Евровизија, преставничката на Израел не излегува од хотелската соба

Читај повеќе
  • play_arrow

Netflix ги изнервира фановите на Emily in Paris

Читај повеќе
  • play_arrow

Три популарни филмови кои Бред Пит не сакал да ги снима

Читај повеќе

Елизабет Бенкс и Џесика Бил глумат сестри во новата трилер серија на Amazon

Читај повеќе
  • play_arrow

Скопје ќе биде домаќин на Светското првенство во хип хоп

Читај повеќе