И газдите имаат ќар од работна недела од четири дена

Резултатите од пробниот период на четиридневната работна недела воведен во Велика Британија, како и одговорите на учесниците во експериментот, покажуваат дека има неколку причини зошто четиридневната работна недела е подобра од моменталната ситуација - една од овие причини е подобар сон.

Од вкупно 2.900 вработени кои учествувале во експериментот, 40 отсто од нив изјавиле дека за тоа време имале помалку проблеми со спиењето или несоница, покажуваат резултатите од студијата. 45 отсто од нив рекле дека не забележале никакви промени во сонот, а 15 отсто рекле дека имаат повеќе проблеми, пренесува Science Alert.

Експериментот со четиридневна работна недела спроведен во Велика Британија е еден од најголемите од ваков вид во светот. Во него учествуваа 61 компанија, а 56 од нив (или 92 отсто) изјавија дека ќе продолжат со вакво работно време и по завршувањето на пробниот период. Осумнаесет компании потврдија дека ќе ја воведат четиридневната работна недела како официјална и постојана политика.

Пробниот период беше организиран од глобалната кампања 4 дневна недела во соработка со истражувачки тимови од Бостонскиот колеџ, Универзитетот во Кембриџ и тинк-тенкот Автономија. Периодот траеше од јуни до декември минатата година.

Не е тајна дека спиењето е важно за здравјето, а повеќе од една третина од Американците не ги добиваат препорачаните 7 часа спиење секоја вечер. Премногу работа веројатно не е единствениот виновник, но американскиот Центар за контрола и превенција на болести вели дека тоа навистина игра голема улога.

„Работодавците можеби ќе сакаат да размислат за прилагодување на работното време за да им овозможат на нивните работници да спијат доволно“, се вели во извештајот на агенцијата.

Студија од 2007 година спроведена во Шведска покажа дека несоницата може да се поврзе со стресот на работа. Анализата на осигурителната компанија State Farm Insurance во 2017 година покажа дека стресните фактори на работа имаат негативно влијание врз квалитетот и квантитетот на спиењето, а Националниот институт за безбедност и здравје при работа на САД предупредува дека нарушувањата на спиењето укажуваат на исцрпеност на работа.

Недостатокот на сон е ризик за здравјето на работниците, но може негативно да се одрази и на работодавците, бидејќи работниците со недостаток на сон постигнуваат полоши резултати. Една студија од 2010 година процени дека послабата продуктивност предизвикана од замор ги чини бизнисите речиси две илјади долари годишно по вработен. Студија од 2007 година покажа дека речиси 38 отсто од американските работници се борат со исцрпеност на работа.

Во четиридневниот експеримент во работната недела, 46 отсто од вработените изјавиле дека се чувствуваат помалку уморни од вообичаено, а само 14 отсто рекле дека се поуморни од порано.

Придобивки за работодавците?

Компаниите кои учествуваа во експериментот, исто така, објавија дека забележале некои придобивки - заработката се зголемила во просек за 1,4 проценти за време на експериментот.

Најголем број компании кои учествувале во студијата се занимавале со маркетинг и рекламирање, втората по големина група била од областа на професионалните услуги, а третата се состои од непрофитни и хуманитарни здруженија.

Резултатите покажуваат дека бројот на вработени кои сакаат да ја напуштат работата е намален во однос на претходниот период, а бројот на заминувања е намален за 57 отсто. Петнаесет проценти од вработените кои учествувале во експериментот рекле дека „нема толкава сума пари што би ги мотивирала да прифатат петдневна работна недела наместо четиридневна“, се вели во резултатите.

Овие резултати сугерираат како изгледа моменталната атмосфера на пазарот на трудот, не само во ОК, туку и ширум светот. Четири од десет вработени изјавиле дека минатата година доживеале т.н. прегореност од работа (burnout), според истражувањето на групацијата Addeco.

Покрај подобриот сон, учесниците во студијата истакнаа и некои други придобивки од 32-часовната работна недела – 39 отсто биле под помал стрес, а 71 отсто изјавиле дека чувствувале помалку исцрпеност до крајот на пробниот период.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more

Бизнис

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Read more

Паѓаат приходите на Starbucks, дали бојкотот успева?

Read more

Ја ограничија цената на руската нафта – не функционира!

Read more

Tesla и Apple помогнаа за растот на Волстрит

Read more
 

Вести

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Читај повеќе
  • play_arrow

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Читај повеќе

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Читај повеќе

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Читај повеќе

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Читај повеќе

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Читај повеќе

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Читај повеќе