И жените исто така гледаат порно, но зошто?

Скоро секој маж гледа порно, но во последните години во пораст е бројот на жените кои сакаат да гледаат порно филмови. Според неодамнешни истражувања, скоро третина од гледачите на PornHub и на xHamster се жени, а бројот на женската публика расте, пишува DW.

Скорешна студија од психологот Шон Мекнебни и неговите колеги од Универзитетот Валпараисо во САД покажа поврзаност меѓу женската сексуалност и порнографијата. Во нивното истражување учествувале повеќе од 2.400 жени од САД и од Унгарија, кои одговарале на прашање како порното влијае на жените врз нивното сексуално задоволство и љубовната врска.

Резултатите покажале дека жените кои гледаат порнографија се помлади и подобро едуцирани. Сличен резултат покажа и истражување на xHamster во кое учествувале 100.000 луѓе. Околу 33.8% од жените кои гледале порно биле на возраст меѓу 18 и 24 години. Околу 60% од жените изјавиле дека гледањето порно филмови им го подобрува сексуалниот живот.

Дали зголемениот интерес на жените за порнографијата се должи на општествените вредности на западната култура и општеството бавно се оддалечува од стереотипите?

Еволуцискиот биолог Томас Јункер вели дека одговорот не се крие во општеството, туку во биологијата. Тој смета дека жените не го присвоиле машкото однесување кон порнографијата, туку дека има промени на порнографскиот пазар на филмови. Истовремено, и многу списанија веќе отворено пишуваат за женската сексуалност, а на пазарот се појавија и феминистички порно филмови, кои не постигнаа голем успех.

Но едно е јасно, каков вид порно филм сакате да гледате зависи од личниот вкус и од вашите желби и фантазии, а не од вашиот пол, смета Мадита Оминг од германскиот Универзитет Падерборн.

Да се вратиме на биологијата, Јункер вели дека мажите и жените имаат различни стандарди кога станува збор за селекција на партнерот, односно имаат различни фокуси. Затоа имаат и различен пристап кон порно филмовите.

Мажите повеќе одговараат на визуелни стимулации како форма на телото, лицето и здравјето. Сакаат млади партнерки кои можат да раѓаат деца и се фокусираат на работи кои се јасни и лесно видливи.

Жените, од друга страна, повеќе реагираат на допири или говор. Сакаат одговорен партнер кој ќе им помага и ќе се грижи за децата.

Ова е причината зошто мажите повеќе гледаат порно филмови, Јункер вели тоа е дел од нашата биологија.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more

Филм & ТВ

Три популарни филмови кои Бред Пит не сакал да ги снима

Read more

Елизабет Бенкс и Џесика Бил глумат сестри во новата трилер серија на Amazon

Read more

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Read more

Како изгледа денес Роуз која го демнеше Чарли во Two and a Half Men

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Три популарни филмови кои Бред Пит не сакал да ги снима

Читај повеќе

Елизабет Бенкс и Џесика Бил глумат сестри во новата трилер серија на Amazon

Читај повеќе
  • play_arrow

Скопје ќе биде домаќин на Светското првенство во хип хоп

Читај повеќе
  • play_arrow

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Читај повеќе

Како изгледа денес Роуз која го демнеше Чарли во Two and a Half Men

Читај повеќе

Пенелопе Крус важи за една од најубавите актерки, со години е на посебна диета

Читај повеќе
  • play_arrow

Новиот Lion King ја раскажува приказната за Муфаса

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе
  • filter

28 април 1980 – родена е македонската поп-ѕвезда Каролина Гочева

Читај повеќе