Ибра горд на балканските корени

Златан Ибрахимовиќ не престанува да ги одушевува неговите фанови од целиот свет, а особено оние од Балканот.

На своите 45 милиони следбеници на Instagram Ибра синоќа им приреди ретко изненадување – фотографија од детството со порака: „Балкански корени“.

Ибра е очигледно горд на своите корени, а тоа го покажа вчера, откако стана јасно дека од сите балкански земји, на ЕУРО 2020 се пласираа само Македонија и Хрватска.

Легендата на Милан на фотографијата позира со еден дедо, а судејќи по амбиентот во позадина и облеката на дедото, фотографијата е снимена во задарскиот крај.

 

Златан е роден во 1981 година во Малме, Шведска, како син на Бошњакот Шефик Ибрахимовиќ, емигрант во Шведска, и Јурка Гравиќ, која е со потекло од Хрватска. Неговиот татко е од Бјелина, Босна и Херцеговина, а неговата мајка e од мало село близу Задар, Хрватска.

Ибрахимовиќ израснал во населбата Розенград во Малме, позната по имигрантските заедници, заедно со неговите три сестри и двајца браќа. Ибрахимовиќ почнал да игра фудбал на возраст од шест години во два фудбалски клуба, ФК Босна и ФБК Балкан. Во едно интервју изјавил дека младиот тим на Балкан на еден натпревар губел со 4 – 0 на полувреме, но кога тој влегол во игра во второто полувреме постигнал 8 голови. Во тинејџерските години му се приклучил на малдинскиот тим на Малме каде бил стандарден играч.

реклама

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Read more

Фудбал

Борусија во Париз по 11 години бара пласман во ЛШ финалето

Read more

Кој ќе го замени Жиру во Милан?

Read more

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Read more

Спортинг ја освои титулата во Португалија

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Вембанјама едногласно избран за најдобар дебитант во НБА

Читај повеќе

Борусија во Париз по 11 години бара пласман во ЛШ финалето

Читај повеќе
  • play_arrow

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Кајрен Вилсон за прв пат во кариерата стана светски шампион во снукер

Читај повеќе

Кој ќе го замени Жиру во Милан?

Читај повеќе

Димитријевиќ од следната сезона ќе игра во Евролигата

Читај повеќе

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Читај повеќе
  • play_arrow

Спортинг ја освои титулата во Португалија

Читај повеќе

Мбапе подготвен да се соочи со Болт: Побрз е од мене, но ајде да се тркаме

Читај повеќе