Ибра на тренинг на Јунајтед: Гледам таленти, но не како мене

Лос Анџелес, 24 јули 2018 (МИА) - Шведскиот репрезентативец Златан Ибрахимовиќ го посети својот поранешен клуб Манчестер Јунајтед за време на нивниот предсезонски тренинг во Лос Анџелес.

Швеѓанецот, кој во моментов игра за Л.А. Галакси, присуствуваше на тренингот на кампусот во „УКЛA“.

- Гледам Јунајтед како тренираат и гледам многу таленти, но не и талент како мене, сподели на Инстаграм во типичен стил Ибракадабра.

Тој ги поздрави своите поранешни соиграчи и им посака среќа во новата сезона, која почнува на 10 август.

- Убаво е да се видат момците, тие се среќни и вредни. Бидете подготвени за новата сезона, нешто посебно ќе се случи. Сè најубаво за сезоната и уживајте, им порача Ибра на „црвените ѓаволи“.

Кон составот на Јунајтед веќе почнаа да се приклучуваат фудбалерите кои учествуваа на Светското првенство 2018 година. Првиот од нив беше Србинот Немања Матиќ. Пол Погба, Маркус Рашфорд и новото засилување Фред сѐ уште се очекуваат да се приклучат на тимот.

Следниот натпревар на „црвените ѓаволи“ е против италијански Милан на „Роуз Бол“ (Пасадена) во четврток со почеток од 17 часот по македонско време. Дуелот е дел од пријателскиот турнир Интернешнл Чампионс Куп.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Фудбал

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Read more

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Read more

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Read more

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Read more
 

Спорт

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе
  • play_arrow

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Читај повеќе
  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе