Ибра пркна од короната пред Дерби дела Мадонина

Денеска од 18 часот на програмата е Дерби дела Мадонина, вечниот дуел меѓу градските ривали Интер и Милан.

Веројатно најсликовитото дерби на Стариот континент овој пат ќе биде без препознатливите кореографии на навивачите, нагласува спортскиот новинар на Kajgana.com, Филип Здравески, во најавата за фудбалскиот викенд со дури шест дербија.

Коронавирусот безмилосно напредува низ целиот свет, а не се поштедени и фудбалерите и покрај строгите мерки за заштита. Ова популарно дерби го обележа големиот број на фудбалери заразени со коронавирусот и во двата табора.

Во изолација беа дури и тренерите Антонио Конте и Стефано Пиоли, па имаа само еден тренинг за да се подготват за дербито, но со преполовени екипи.

Во Интер беа заразени Алесандро Бастони, Милан Шкринијар, Роберто Гаљардини, Раџа Наинголан, резервниот голман Андреј Раду и Ашли Јанг, Стефано Сенси е суспендиран, а Алексис Санчес е повреден.

Покрај тренерот Конте, во изолација беа и Андреа Ранокија, голманите Самир Хандановиќ и Даниеле Падели и новајлијата Матео Дармјан.

Слична ситуација во тимот на Милан. Повредени се Анте Ребиќ и бекот Андреа Конти, како и двајца искусни стопери – Матео Мусакио и Алесио Ромањоли.

Лео Дуарте уште е позитивен, како и младиот Матео Габија која се зарази за време на собирот со репрезентацијата.

За среќа на Миланезите, Златан Ибрахимовиќ се опорави од коронавирусот и ќе може да настапи.

Натпреварот се игра со почеток во 18 часот, а ќе го суди Маурицио Маријани.

Во центарот на вниманието сигурно ќе биде напаѓачот на „Росонерите“, Златан Ибрахимовиќ, кој своевремено играше за „Нераѕурите“.

URL

Закрепна од коронавирусот и беше многу расположен на еден од последните тренинзи пред дербито.

Тој се бореше за време на загревањето со младиот Даниеле Малдини, синот на легендата Милан, Паоло Малдини.

Во пресрет на дербито, Милан беше изедначен на врвот на табелата во Серија А со Аталанта по три победи на почетокот на сезоната.

Од друга страна, Интер е петти, но со само два бода помалку од градскиот ривал, по ремито со Лацио (1:1) во последното коло.

Интер го победи Милан на последните четири натпревари, и го нема изгубено градското дерби од јануари 2016 година и четвртфиналето од Копа Италија.

Дерби дела Мадонина ќе се игра по 195. пат, Интер има 74 победи, Милан 62, а 58 пати играле нерешено.

реклама
Запленети пола тон дрога во Албанија

Запленети пола тон дрога во Албанија

Read more
Кинеските полицајци како терминатори

Кинеските полицајци како терминатори

Read more
Ксидакис за МИА: Сега е најдобриот момент за решение за името

Ксидакис за МИА: Сега е најдобриот момент за решение за името

Read more

Хороскопските знаци на плажа: Биковите јадат цел ден, Близнаците сакаат ноќно капење

Read more

Фудбал

ФИФА во очај: Ни Меси не помага за продажба на влезници

Read more

Пеп ќе си замине ако нема чистка во Сити

Read more

Модриќ одби да помине медицински прегледи за Милан

Read more

Гатузо на чекор да стане селектор на Италија

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Никола Јокиќ одмара во село со помалку од 100 жители

Читај повеќе

ФИФА во очај: Ни Меси не помага за продажба на влезници

Читај повеќе

Пеп ќе си замине ако нема чистка во Сити

Читај повеќе

Модриќ одби да помине медицински прегледи за Милан

Читај повеќе

Гатузо на чекор да стане селектор на Италија

Читај повеќе
  • play_arrow

Неочекуван херој ѝ донесе победа за водство на Индијана

Читај повеќе
  • play_arrow

Иван Ракитиќ под истрага за мултимилионска измама, тврдат Шпанците

Читај повеќе

Бомба од „Чизмата“: Кевин Де Брујне потпишува за Наполи!

Читај повеќе

Бразил со Анчелоти сруши уште еден мундијалски рекорд

Читај повеќе