КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ФИФА СВЕТСКО ПРВЕНСТВО КАТАР 2022

Ибра за враќањето во Шведска: Имав пеперутки во стомак

Златан Ибрахимовиќ после пет години повторно го облече жолтиот дрес на репрезентацијата и вели дека тоа чувство му причинило неверојатно задоволство.

Ибра се најде во почетните единаесет на синоќешниот натпревар против Грузија кој се одигра на „Френдс Арена“ стадионот во Солна во рамките на 1. коло од групата Б во мундијалските квалификации.

Тој беше асистент на единствениот погодок кој го одлучи победникот кога во 35. минута го пронајде Виктор Класон.

„Чувствував пеперутки во стомакот. Без притисок, само возбуда. Тоа беше убаво чувство“, вели Златан говорејќи за La Gazzetta dello Sport.

„Се боревме храбро, бевме обединети, но нешто ни недостасуваше. Можеби покажавме премногу почит кон Грузија. Не беше лесен натпревар, но ги освоиме трите бода“, продолжи тој.

Можеби не постигна гол, но одличната асистенција е половина гол. Погодокот на Класон е на Ибра, кој одлично му асистираше.

„Класон беше блиску до мене. Ми довикна 'Зад тебе сум, Златан!' и знаев каде се наоѓа, па ја исконтролирав топката и му ја додадов“, го опиша решавачкиот момент на натпреварот.

„Беше возбудливо враќање, но сега треба да продолжиме. Можеме да се подобриме само доколку се држиме заедно и што подобро да се запознаваме“.

Нажалост, враќањето на Ибра во националниот дрес се случи пред празни трибини поради пандемијата со коронавирусот.

„Ни недостасуваат навивачите. Се справувам со тоа, навикнат сум да играм без навивачи, но ми фалат. Сакаме да го имаме шведскиот народ зад нас. Тие ни се од голема помош“, заврши легендата.

По натпреварот, Ибра на Twitter објави фотка како го прославува голот со Класон на која напиша „Карл XVII Густаф“, преправајќи се дека е наследник на шведскиот крал Карл XVI Густаф и потоа во свој стил коментираше: „Ова се стариот крал и новиот крал“.

URL

Наредниот натпревар на Шведска е внедела вечер кога му гостува на Косово во Приштина.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како да го зачувате лебот свеж без да го ставате во фрижидер?

Read more

Фудбал

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Read more

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Read more

Модриќ има „план Б“ во случај да замине од Реал

Read more

Намалена казната на „комарџијата“ Тонали, познато е кога се враќа на терен

Read more
 

Спорт

Тренерот на Лејкерс доби отказ: Последниве две години беа пеколни

Читај повеќе
  • play_arrow

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Читај повеќе

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Читај повеќе

Модриќ има „план Б“ во случај да замине од Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Тајсон пред големата борба: Тешко му е без секс и марихуана

Читај повеќе
  • play_arrow

Спектакуларниот Брансон го донесе Њујорк во полуфиналето на Истокот, крај за Бакс

Читај повеќе
  • filter

Грчка новинарка влезе во историјата на Евролигата: Тука сум да кршам стереотипи

Читај повеќе

Намалена казната на „комарџијата“ Тонали, познато е кога се враќа на терен

Читај повеќе
  • filter

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Читај повеќе