КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ФИФА СВЕТСКО ПРВЕНСТВО КАТАР 2022

Шпанија изненадена од Грција, Германија, Англија и Италија рутински

Филип Здравески
/ 26.03.2021 / 09:41

Вториот ден од европските мундијалски квалификации не донесе некоја шокантна победа, но донесе токму такво реми откако Шпанија дома не успеа да ја победи Грција. Настан на денот беше и враќањето на Ибра во репрезентацијата.

Група Б

Најголемото изненадување синоќа го приредија Грците кои успеаја да останат непоразени на гостувањето во Гранада против Шпанија. Мората ја најави победата на Шпанците која потоа ја отпишаа гостите благодарение на гол од белата точка во 57. минута. „Црвената фурија“ имаше доволно време за победнички гол, но немаше решение за густата грчка одбрана и само двапати го натера голманот Влаходимос да интервенира.

Шпанија - Грција 1:1
33' Алваро Мората - 57' (п) Анастасиос Бакасетас

Шведска со минимална победа ги почна квалификациите, а натпреварот го одбележа враќањето во жолтиот дрес на Златан Ибрахимовиќ по пауза од пет години. Токму Ибра во 35. минута му асистираше на Класон за одлучувачкиот гол.

Шведска - Грузија 1:0
35' Виктор Класон

Група Ц

По крахот и неквалификација на Мундијалот во 2018, Италија со победа ја почна рехабилитацијата. Со головите на Берарди и Имобиле уште во првите 45 минути „Аѕурите“ ја заверија победата над Северна Ирска која сонува Мундијал од 1986 година.

Италија - Северна Ирска 2:0
14' Доменико Берарди, 38' Чиро Имобиле

За само 12 минути игра во Софија репрезентацијата на Швајцарија постигна три гола и најави убедлива победа. Сепак, гостите застанаа, а Бугарија до крајот успеа да го ублажи поразот.

Бугарија - Швајцарија 1:3
46' Кирил Десподов - 7' Брел Емболо, 10' Харис Сеферовиќ, 12' Стивен Цубер

Група Ф

Данска походот кон нов мундијалски пласман го почна со победа кај незгодниот Израел кој никако да дојде до завршницата каде беше прв и последен пат во далечната 1958 година.

Израел - Данска 0:2
13' Мартин Брејтвејт, 67' Јонс Винд

Интересен натпревар во Глазгов одиграа Шкотска и Австрија во кој гостите на двапати поведуваа и тоа со првите репрезентативни погодоци на Калајџиќ, но Шкотите успеваа двапати да израмнат, а вториот гол беше вистинско ремек-дело со ножички.

Remote video URL

Шкотска - Австрија 2:2
74' Грант Хенли, 85' Џон МекГин - 55', 80' Саша Калајџиќ

Во дуелот на двата аутсајдера во групата, Молдавија рано поведе, но островјаните израмнија седум минути пред крајот.

Молдавија - Фарски Острови 1:1
9' Јон Николаеску - 83' Мејнхард Олсен

Група И

Англија немаше никакви проблеми со најслабата репрезентација во Европа, па селекторот Гарет Саутгејт и си дозволи да настапи со резервен состав давајќи им шанса на играчите кои поретко играат.

Англија - Сан Марино 5:0
14' Џејмс Вард-Праус, 21', 53' Доминик Калверт-Левин, 31' Рахим Стерлинг, 83' Оли Воткинс

Веројатно најнеизвесниот и најинтересниот натпревар се одигра во Будимпешта. Унгарија водеше со 2:0 кога Полјаците за само две минути израмнија на 2:2. Домаќините повторно поведоа, но пред крајот на сцена стапи Левандовски носејќи ѝ бод на неговата репрезентација.

Remote video URL

Унгарија - Полска 3:3
6' Роланд Шалаи, 53' Адам Салаи, 78' Вили Орбан - 60' Кжиштоф Пјонтек, 61' Камил Јужвјак, 83' Роберт Левандовски

Албанија тешко го сруши отпорот на дефанзивната Андора, но и еден гол е доволен за да се освојат трите бода.

Андора - Албанија 0:1
41' Ермир Лењани

Група Ј

Романија - Македонија 3:2 ИЗВЕШТАЈ

Четирикратниот светски шампион почна фуриозно против Исланд постигнувајќи два гола во првите седум минути, а до крајот додаде и трет за убедлив триумф.

Германија - Исланд 3:0
3' Леон Горецка, 7' Каи Хаферц, 56' Илкај Ѓундоан

Ерменија упати дури 26 удари кон голот на домашниот Лихтенштајн, но не успеа ниту еднаш да погоди во мрежата, иако победи. Одлучувачкиот гол беше дело на домашен фудбалер.

Лихтенштајн - Ерменија 0:1
73' (аг) Ноа Фромелт

Тагови
реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Фудбал

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Read more

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Read more

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Read more

Алегри го напушти Јувентус?

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Читај повеќе

Бекеле по 12 години повторно на Олимписките игри

Читај повеќе

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Индијана избори мајсторка со Њујорк, катастрофална шутерска вечер на Брансон

Читај повеќе

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Читај повеќе

Алегри го напушти Јувентус?

Читај повеќе

Светскиот шампион обвинет за силување ќе оди на психијатриска евалуација

Читај повеќе

Ливерпул објави дека се разделува со двајца фудбалери

Читај повеќе

Французите изненадија со списокот за ЕУРО 2024: Каде се асовите?

Читај повеќе