КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ФИФА СВЕТСКО ПРВЕНСТВО КАТАР 2022

Херојски кам-бек во Букурешт, на крајот сепак пораз

Филип Здравески
/ 25.03.2021 / 22:48

Македонската фудбалска репрезентација со пораз и голеада ги започна квалификациите за пласман на Мундијалот во Катар откако со 3:2 вечерва загуби во Букурешт од Романија.

Селекторот Игор Ангеловски натпреварот го почна со 3-4-1-2 формација со Столе Димитриевски на голот, во одбраната триото Кире Ристевски, Висар Муслиу и Егзон Бејтулаи, во средината на централните позиции Енис Барди и Бобан Николов со Езџан Алиоски лево и Стефан Ристовски десно, Елиф Елмас како треквартиста и во нападот Илија Несторовски и Горан Пандев.

Уште во 8. минута лесно можеа „Рисовите“ да поведат кога Алиоски одлично му сервираше на Несторовски, но напаѓачот на Удинезе се сплетка шутирајќи, а веднаш потоа и по втор пат се обиде, но го префрли голот.

Во 14. минута пех за домашните откако Флоринел Коман поради повреда мораше да ја напушти играта, па на негово место во игра влезе Валентин Михаила.

Три минути подоцна Димитриевски прв пат беше тестиран, но ударот на Ман одеше директно во него. Веднаш потоа дојде и втората закана, овој пат од Банку, но повторно македонскиот голман беше на место. Потоа и Кирикеш го натера Димитриевски да интервенира.

Во 22. минута конечно шанса и на спротивната страна кога Барди одлично го пронајде Пандев, а овој во обид да го лобува Ница биеше високо над голот.

Резултатот конечно беше отворен во 28. минута кога капитенот Кирикеш додаде во фор до Танасе, Бејтулаи не успеа да пресече, па Романецот еден на еден со Димитриевски успеа да го совлада.

Се играше 32. минута кога Македонците одлично комбинираа, Барди до Пандев, овој до Елмас кој од десно успеа да го промаши цел гол и да ја затресе мрежата од надворешната страна. Шест минути подоцна Несторовски со глава биеше само во добро поставениот Ница.

На крајот од првиот дел Пандев се најде помеѓу тројца играчи во домашниот шестнаесетник и во италијански стил проба да одглуми пенал, но Португалецот Верусиму убаво сето тоа го следеше и му додели жолт картон.

Само пет минути по паузата и Македонија го прими еден од најубавите голови кои некоја противничка репрезентација го постигнала против нас. Михаила со прекрасен удар од далечина зголеми на 2:0, постигнувајќи гол на своето репрезентативно деби.

Ангеловски веднаш реагираше и во игра ги стави Аријан Адеми и Влатко Стојановски на местото на Николов и индиспонираниот Несторовски. Адеми веднаш се обиде, но Ница одбрани.

Потоа Романците наредија неколку удари за трет гол, но за среќа Димитриевски беше на висина на задачата.

Македонија конечно ја затресе домашната мрежа дури во 82. минута кога Алиоски нафрли, а Адеми со глава го совлада Ница и тоа токму каде што беше поставен. Веднаш во наредната минута Барди одлично го пронајде нововлезениот Александар Трајковски кој израмни на 2:2.

И наместо Македонија да тргне на трет гол за победа, рашомонијадата во одбраната во таа кобна 86. минута донесе ново водство за Романија откако Марин му асистираше на Јанис Хаџи, синот на легендата Георге Хаџи, за кого ова беше прв гол во репрезентацијата.

Нажалост „Рисовите“ не успеаја уште еднаш да израмнат. Во судиското надополнување Адеми уште еднаш ја погоди мрежата, но голот беше оправдано поништен поради офсајд и натпреварот заврши со победа на Романија од 3:2.

Во останатите два натпревара од нашата група Германија без проблеми го совлада Исланд со 3:0, додека Ерменија се намачи на гости кај Лихтенштајн и победи со килави 1:0 и тоа благодарение на автогол.

Табела:

  1. Германија 3 (3:0)
  2. Романија 3 (3:2)
  3. Ерменија 3 (1:0)
  4. Македонија 0 (2:3)
  5. Лихтенштајн 0 (0:1)
  6. Исланд 0 (0:3)

Наредниот предизвик за нашата репрезентација е в недела од 20:45 во Скопје кога го пречекуваме аутсајдерот Лихтенштајн.

реклама

Зошто не треба да ги фрлате стеблата од пиперка?

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Топ 4 најнездрави мрсни намирници кои веројатно често ги јадете

Read more

Која риба го надминува и лососот по хранливост?

Read more

Фудбал

Модриќ го урна рекордот на Пушкаш стар 60 години

Read more

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Read more

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Read more

И Добри Дол ќе има прволигаш: Беса 1976 обезбеди промоција

Read more
 

Спорт

Модриќ го урна рекордот на Пушкаш стар 60 години

Читај повеќе
  • play_arrow

76ерс со чудесен пресврт избегнаа испаѓање, надежта ја продолжи и Милвоки

Читај повеќе

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Читај повеќе

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Читај повеќе

И Добри Дол ќе има прволигаш: Беса 1976 обезбеди промоција

Читај повеќе

Ерлинг Холанд станува лик во култна видео игра

Читај повеќе

Не е само шоу, Ајрон Мајк оди на 51. победа во кариерата

Читај повеќе

Леброн одговори на прашањето дали ќе остане во Лејкерс

Читај повеќе

Битка на титаните: Баерн и Реал по осми пат играат за финале

Читај повеќе