Ибрахимовиќ повторно провоцира

Златан Ибрахимовиќ синоќа промаши пенал на домашен терен против Верона, а потоа го постигна израмнувачкиот погодок за 2:2. Иако со голот го спаси тимот од пораз, најмногу се зборува за промашениот пенал.

Тоа беше трет последователен промашен пенал за Ибрахимовиќ кој веднаш по натпреварот побрза пред камерите на Sky Sport да даде свој коментар.

„Следниот ќе му го дадам на Франк Кеси“, рече Ибрахимовиќ веднаш штом се појави пред камерата, со што даде до знаење дека е исто така свесен дека мора ја да прекине низата лошо изведени пенали, па додаде:

„Секако дека сум лут, ремизиравме и тоа не е доволно. Имавме многу шанси, а јас промашив пенал. Примивме два гола и постигнавме два, продолжуваме понатаму, важно е да не ја изгубиме самодовербата. Кога ќе погледнеме на табелата, сакаме да победиме на секој натпревар“.

URL
Голманот знаеше дека не е во форма

Кога дојде на ред да го коментира пеналот, новинарите му укажаа дека во преносот се слушнало како голманот на Верона, Марко Силвестри, му рекол: „Го промаши последниот пенал, нели?“

„Не згрешил, го промашив последниот“, рече Златан, се насмеа и продолжи:

"Играме многу натпревари поради околностите и тогаш кога ќе се изморите веќе не сте на 100%. За среќа, има пауза за репрезентациите затоа што ми треба пауза. Немам решителност и сѐ друго што ми треба пред голот, едноставно не се чувствувам како што треба".

Remote video URL
Ги провоцира Швеѓаните

Ибрахимовиќ оваа недела објави фотографија со дресот на шведската репрезентација на својот Instagram и ги возбуди фановите. Многумина помислија дека се враќа.

„Не, не се враќам, само сакав да ги изнервирам луѓето во Шведска“, рече Ибрахимовиќ и повторно се насмеа и додаде:

„Тренерот може да ми каже дека ќе играм само 45 минути и ќе играм така, јас сум професионалец. Јас секогаш велам ‘да’. Се сеќавам колку беше тешко во Манчестер да се регенерирам по натпреварите во четврток. По повредата што можеше да биде крај за мене, се чувствував како млад дечко кога се вратив на теренот. Обожавам да играм фудбал“.

 

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Long time no see

A post shared by Zlatan Ibrahimović (@iamzlatanibrahimovic) on

Не жалам за Златната топка

Новинарите го прашаа Ибрахимовиќ дали смета дека не успеал затоа што никогаш не ја добил Златната топка или некоја друга голема индивидуална награда за најдобар фудбалер.

„Не, трофеите се убави, но не ми треба тоа за да се чувствувам добро. Играм, правам сè за да бидам и јас, и соиграчите најдобри што можеме и тоа е тоа“, рече Ибрахимовиќ и низ смеа одговори дали ќе го продолжи договорот со Милан и по оваа сезона:

„По ова денеска... Можеби работите сега и не изгледаат баш најдобро.“

реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Read more

Фудбал

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Read more

Спортинг ја освои титулата во Португалија

Read more

Мбапе подготвен да се соочи со Болт: Побрз е од мене, но ајде да се тркаме

Read more

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more
 

Спорт

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Читај повеќе
  • play_arrow

Спортинг ја освои титулата во Португалија

Читај повеќе

Мбапе подготвен да се соочи со Болт: Побрз е од мене, но ајде да се тркаме

Читај повеќе
  • play_arrow

Норис во солзи ја прослави првата победа во кариерата оставајќи го Верстапен зад себе

Читај повеќе

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Читај повеќе
  • play_arrow

По 6 години ПСВ е шампион на Холандија

Читај повеќе

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Читај повеќе
  • play_arrow

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Читај повеќе
  • play_arrow

Изненадување во Денвер: Јокиќ и Нагетс паднаа на првиот меч, Едвардс броеше до 43

Читај повеќе