Идеална за урбаната џунгла: Електрична Toyota помала и од Smart

Јапонскиот производител Toyota го претстави малиот градски електричен автомобил C+pod, кој е пократок од 2,5 метри.

Акио Тојода можеби не е за забрзан пат кон електрична мобилност, но како претседател на еден од најголемите светски производители на автомобили, тој е свесен за потребата неговата компанија да остане конкурентна на пазарот.

Toyota C+pod припаѓа на сегментот на микроавтомобили кои се широко користени во Јапонија како превозно средство во пренатрупаните урбани средини. Со нив лесно се маневрира во урбаната џунгла и низ тесни улички, а зафаќаат многу малку простор за паркирање.

Со должина од 2.490 мм, ширина од само 1.290 мм и висина од 1.550 мм, C+pod е помал од електричниот Smart ForTwo EQ.

Надворешните панели се изработени од пластика, со цел да се заштеди на тежина, па затоа автомобилот тежи само 690 килограми и покрај погонските батерии.

C+pod е дизајниран за најмногу двајца патници, а просторот за багаж зад седиштата е доволен да ги оставите купените намирници од супермаркет.

Автомобилот користи електричен мотор од 12,3 КС (9,2 kW) и максимален вртежен момент од 56 Nm, а електричната енергија се складира во батерија со капацитет од 9,06 kWh.

Toyota наведува дека автомобилот може да помине до 150 километри со полна батерија, а максималната брзина е 60 километри на час.

Почетната цена на јапонскиот пазар е 1.650.000 јени, или околу 13.000 евра.

За да ја погледнете Toyota C+pod од сите агли, КЛИКНЕТЕ КОН ГАЛЕРИЈАТА.

Remote video URL
реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Авто новости

Револуција од Кореја: Батерија која се полни за неколку секунди

Read more

Трка на хибридните суперавтомобили: Lamborghini Revuelto, Ferrari SF90 или Porsche 918?

Read more

Tesla го претстави обновениот Model 3 Performance со 517 КС

Read more

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Read more
 

Автомобили

Револуција од Кореја: Батерија која се полни за неколку секунди

Читај повеќе
  • play_arrow

Трка на хибридните суперавтомобили: Lamborghini Revuelto, Ferrari SF90 или Porsche 918?

Читај повеќе
  • filter

Tesla го претстави обновениот Model 3 Performance со 517 КС

Читај повеќе
  • filter

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Читај повеќе

Xiaomi со амбициозна цел: 100.000 испорачани SU7 во 2024 година

Читај повеќе
  • filter

Не е грешка: Dacia Duster носи ознаки на Renault

Читај повеќе
  • filter

Defender Octa: Тенк на терен, ракета на пат

Читај повеќе

Новиот хиперавтомобил на MG забрзува до стотка за 1,9 секунди

Читај повеќе
  • filter

Врвна прецизност и динамика: претставен новиот Cayenne GTS

Читај повеќе