Идеја за десерт: Брз колач со цреши

Совршен рецепт за едноставен колач со цреши, за освежување во летните денови.

Потребни состојки:

-250 г исчистени цреши

-1 чаша јогурт

-2 јајца

-половина чаша шеќер

-половина чаша масло

-2 чаши брашно

-2 лажички прашок за пециво

Малку брашно и масло за калапот

Начин на подготовка:

Калапот за печење премачкајте го со масло и посипете брашно. Рерната загрејте ја на 180 степени.

Во сад измешајте го просеаното брашно со прашокот за пециво. Во друг сад мешајте ги јајцата и шеќерот околу 5 минути, додека смесата не стане густа и не добие светложолта боја.

Потоа додадете масло и мешајте на најмала брзина. Во садот потоа додадете го јогуртот и мешајте.

На крајот додадете го просеаното брашно со пециво, па исчистените цреши и добро соединете ја смесата.

Налејте ја во калапот и печете меѓу 30 и 40 минути на 180 степени. Колачот е готов кога ќе добие темно златно жолта боја и кога ќе се одвои од калапот.

Извадете го колачот од рерна, а кога ќе се олади украсете го со шеќер во прав.

Тагови
реклама

Рецепти

Одличен предлог за посен ручек: Тиквички со зеленчук, печурки и ориз

Read more

Почна сезоната на бозел: Со едноставен рецепт направете сок од оваа лековита билка

Read more

Вкусни телешки шницли од само 5 состојки

Read more

Рецепт на денот: Ќофтиња со кашкавал и зеленчук

Read more
 

Магазин

Топ 4 најнездрави мрсни намирници кои веројатно често ги јадете

Читај повеќе

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Читај повеќе

Една од 5 жени е незадоволна од нејзиниот сексуален живот

Читај повеќе

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Читај повеќе

Здравиот начин на живот го неутрализира влијанието на генетиката за повеќе од 60%

Читај повеќе

Одличен предлог за посен ручек: Тиквички со зеленчук, печурки и ориз

Читај повеќе

Зошто не треба да ги фрлате стеблата од пиперка?

Читај повеќе

Мастурбирањето го намалува ризикот од рак на простата

Читај повеќе

Како да ги научите децата да читаат повеќе?

Читај повеќе