Еден од најпопуларните специјалитети од рестораните за брза храна.
Ако сакате пилешко месо и сте љубители на лута храна, ова е вистинскиот рецепт за вас. Зачинетата храна најдобро го топли телото во студените денови.
Состојки:
500 гр. пилешки крилца
½ шолји брашно
¼ лажички сол
¼ лажички каен бибер
Сос
¼ шолји путер
¼ шолји лут сос
Малку лук во прав
¼ лажички бибер
Начин на подготовка:
Промешајте брашно, сол, мелена пиперка и кајен бибер, па ставете ги во кеса за печење.
Додајте ги пилешките крилца и добро протресете за да смесата се впие на месото.
Оставете ги во фрижидер да отстојат еден час.
Пилешките крилца наредете ги на решетка од рерна(одоздола ставете тава за печење).
Печете околу 45 минути на 170 степени, премачкајте ги со масло и допечете ги уште неколку минути на 200 степени за да добијат крцкава коричка.
Промешајте ги сите состојки за сосот и пржете ги додека да се соединат. Прелијте ги крилцата со подготвениот сос и послужете ги топли.