Иднината на возењето: Пат што ги полни електричните автомобили

Истражувачите од Универзитетот Корнел развиваат посебен пат што е способен да ги полни батериите на возилата додека се движат по неговата површина.

Тоа е светла визија за иднината во која возачите веќе не се врзани за индивидуални полначи за ЕВ и истовремено можат да возат и да ја полнат батеријата на автомобилот.

 „Автопатиштата би имале лента за полнење, а тоа би било нешто како брза лента. Ако останете без батерија, ќе одите на лентата за полнење, а системот ќе го препознае вашиот автомобил и ќе ви испрати фактура подоцна“, вели Хурам Африди, вонреден професор по електротехника и компјутерско инженерство и главен истражувач на Корнел.

Според професорот Африди, на таквата технологија ѝ требаат најмалку уште пет до десет години развој, но концептот на безжично полнење може да направи чуда во растечката индустрија зафатена од т.н. „анксиозност за опсегот“, односно загриженоста дали возилото ќе остане без електрична енергија на пат.

Таквите патишта, исто така, ќе го олеснат притисокот врз инфраструктурата за полнење што се бори да остане во чекор со побарувачката. Само околу 100.000 портови за полнење опслужуваат околу 1,8 милиони автомобили на батерии на патиштата во САД. Проширувањето на таквата мрежа не само што е скапо, туку доаѓа и со низа други логистички проблеми.

„Единствениот начин да ги охрабриме луѓето да купуваат електрични автомобили е да им покажеме дека ќе биде лесно да ги полнат. Да ја имавме веќе оваа технологија (безжично полнење), електричните возила би имале дури и помалку ограничувања од традиционалните“, објасни Африди.

Патот на Африди работи благодарение на специјалните метални плочи лоцирани под патот, кои се поврзани со далекуводот и инверторот. Панелите создаваат електрични полиња што можат да ја полнат батеријата на возилото додека возилото поминува преку панелите.

Остануваат многу предизвици пред патиштата за безжично полнење да станат норма. Иако слични технологии се веќе реализирани во светот на паметните телефони, прилагодувањето на технологиите за полнење на цели автомобили носи свои предизвици и бара големи финансиски инвестиции.

Африди, сепак, се надева дека одговорот на ова би можело да биде употребата на повисоки фреквенции, правејќи го безжичното полнење поизводливо.

„Безжичниот пренос на енергија се заснова на истата основна физика што се користи за испраќање пораки преку радиобранови до вселенските летала во длабоката вселена, како Voyager. Само што сега испраќаме многу повеќе енергија на многу пократки растојанија, до возилата во движење. Со други зборови, истите фреквенции што се користат за комуникација со длабоката вселена можат да се користат за пренос на електрична енергија до возилата на кратки растојанија“, вели истражувачот.

Во моментов, Африди и неговиот тим успеаја да дојдат до прототип кој може да движи возила на растојание од 18 сантиметри. Но, градењето други компоненти останува предизвик. Иднината на таквата технологија е ништо друго освен сигурно - за трансформирање на постојните патишта ќе биде потребно нивно рушење, што е огромно инфраструктурно прашање.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Авто новости

Renault 5 E-Tech Roland Garros е инспириран од тенисот

Read more

Револуција од Кореја: Батерија која се полни за неколку секунди

Read more

Трка на хибридните суперавтомобили: Lamborghini Revuelto, Ferrari SF90 или Porsche 918?

Read more

Tesla го претстави обновениот Model 3 Performance со 517 КС

Read more
 

Автомобили

  • filter

Renault 5 E-Tech Roland Garros е инспириран од тенисот

Читај повеќе

Револуција од Кореја: Батерија која се полни за неколку секунди

Читај повеќе
  • play_arrow

Трка на хибридните суперавтомобили: Lamborghini Revuelto, Ferrari SF90 или Porsche 918?

Читај повеќе
  • filter

Tesla го претстави обновениот Model 3 Performance со 517 КС

Читај повеќе
  • filter

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Читај повеќе

Xiaomi со амбициозна цел: 100.000 испорачани SU7 во 2024 година

Читај повеќе
  • filter

Не е грешка: Dacia Duster носи ознаки на Renault

Читај повеќе
  • filter

Defender Octa: Тенк на терен, ракета на пат

Читај повеќе

Новиот хиперавтомобил на MG забрзува до стотка за 1,9 секунди

Читај повеќе