Има ново најопасно превозно средство на улиците

Електричниот скутер е најнебезбедното превозно средство, заклучија научниците по анализата на 36 милиони медицински белешки.

Истражувачите од Универзитетот во Калифорнија во САД во своето истражување се фокусираа на безбедноста на индивидуалниот транспорт. Тие со компјутерска програма анализирале 36 милиони медицински досиеја од 180 клиники и болници, создадени во периодот од 14 јануари 2014 до 14 мај 2020 година.

Програмата бараше описи на повреди, клучни зборови и „воочи“ нови термини. На крајот, беше можно да се подготви извештај кој не остава сомнеж за тоа кое превозно средство треба да се избере за да стигнете безбедно до вашата дестинација.

Во испитуваниот примерок на медицински установи, евидентирани се 1.354 пријави за повреди здобиени при управување со електричен скутер. Тоа е во просек 115 повреди на милион патувања, но има еден детаљ што вреди да се забележи.

До 2018 година, односно до наглиот раст на популарноста на електричните скутери, просекот на несреќи беше околу 13 годишно. Во 2018 година веќе имало 592 повредени лица, а во 2019 година 672.

Според бројот на несреќи, електричните скутери дури и ги престигнаа мотоциклите (во просек 108 повреди на милион патувања), кои претходно важеа за најопасно превозно средство.

Велосипедот, со 15 повреди на милион патувања, е многу побезбеден. Сепак, неприкосновен лидер во безбедноста во индивидуалниот транспорт е автомобилот - само 8 повреди на милион патувања.

Зошто електричниот скутер е толку опасен?

Како што се наведува, го користат луѓе кои не ги познаваат сообраќајните прописи (во споредба со, да речеме, мотоцикл), а многу од нив дополнително се возат под влијание на разни стимуланси „бидејќи се работи само за скутер“.

Понатаму, многу корисници на електрични скутери немаат вештини што ги дефинираат како возачи. За да возите автомобил, мора да положите возачки испит и да имате минимално знаење за тоа како функционира патниот сообраќај.

Исто така, електричните скутери најчесто се возат без кациги, па ризикот од сериозни повреди во случај на несреќа значително се зголемува.

Покрај тоа, скутерите забрзуваат многу брзо, па дури и оние со ограничена брзина на 25 km/h можат да ве изненадат со своите перформанси.

Малите тркала, возраста на возачот, алкохол, дрога... и несреќите се неизбежни!

реклама

ВМРО-ДПМНЕ прави чистки во своите редови

Read more

Русите составија ранг-листа на непријателски влади

Read more

Колку се опасни зрачењата од електричните автомобили?

Read more

Колку заработува Хрватска со квалификациите за Светското првенство?

Read more

Авто новости

Колку се опасни зрачењата од електричните автомобили?

Read more

Audi, BMW или Mercedes – кој помина најдобро на технички преглед?

Read more

Од денеска задолжителна зимска опрема за возилата

Read more

Колку може да бидат опасни лисјата на патот за возачите?

Read more
 

Автомобили

Колку се опасни зрачењата од електричните автомобили?

Читај повеќе

Audi, BMW или Mercedes – кој помина најдобро на технички преглед?

Читај повеќе

Од денеска задолжителна зимска опрема за возилата

Читај повеќе

Колку може да бидат опасни лисјата на патот за возачите?

Читај повеќе
  • filter

Новиот Volkswagen има светлечко лого со волк

Читај повеќе
  • filter

Роботското такси на Маск пристигнува во април - без волан и педали

Читај повеќе
  • filter

Екран до екран: Поглед во новиот Mercedes GLB

Читај повеќе

Xiaomi не може да ја задоволи побарувачката за е-автомобили

Читај повеќе
  • filter

Renault Megane се враќа на бензин

Читај повеќе