Има змија во автомобилот
Додека една жена од Австралија возела автомобил во Аделаид, била сведок на страшен момент кога од предниот дел на автомобилот излегла змија.
Сали Гранди возела 100 километри на час кога пред себе видела црна змија како излегува од предниот дел на автомобилот, во кој се возела со нејзината ќерка тинејџерка. Жената веднаш го запрела и паркирала автомобилот, а застрашувачкото видео го објавила на Facebook.