Индијан Велс: Кирјос без борба му го предаде мечот на Федерер

Австралискиот тенисер Ник Кирјос нема да настапи во полуфиналето на Мастерс турнирот во Индијан Велс, што значи дека неговиот противник Роџер Федерер без борба избори пласман во полуфиналето.

Ник Кирјос, кој во осминафиналето го елиминира Новак Ѓоковиќ во два сета (7:6, 6:4) поради болест, односно труење со храна, бил принуден да го предаде мечот без борба.

„За жал не сум во состојба за настап во четвртфиналето. Верувам дека во прашање е труење со храна, се надевам дека не е нешто посериозно. Цела ноќ се борев со симптомите, во мене нема сила која е потребна да му се спротивставам на еден шампион каков што е Роџер Федерер. Не ми беше лесно да ја донесам оваа одлука, бидејќи поради ваквите мечеви тренирам, но едноставно не сум во состојба да излезам на теренот“, напишал Кирјос на својот Twitter профил.

Откако Кирјос му го предаде мечот на Федерер, во 20 часот своето четвртфинале ќе го одиграат Кеи Нишикори и Џек Сок, а подобриот од овој меч ќе игра против Швајцарецот во полуфиналето.

Првата полуфинална двојка ја формираа Стан Вавринка и Пабло Карењо-Буста. 

реклама

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more

Ирска ги згрози евровизиските гледачи: Гледавме ли сатанистички ритуал?

Read more

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Read more

Тенис

Швјонтек го освои Мастерсот во Мадрид

Read more

Мадрид ќе добие нов шампион – Рубљов го победи Алкарас

Read more

Ѓоковиќ го откажа Мастерсот во Мадрид, па дојде на Ел Класико да го бодри Реал

Read more

Надал елиминиран од Де Минор

Read more
 

Спорт

Луис Енрике: Фудбалот понекогаш е толку нефер

Читај повеќе

Орсато означи крај во Париз и се расплака

Читај повеќе

Блесна стадионот во Битола: Пуштени рефлекторите Под Тумбе Кафе

Читај повеќе

Подготвени за нов спектакл? Реал и Баерн вечерва на мегдан за финале

Читај повеќе
  • play_arrow

На Дончиќ не му одеше шутот, Далас го загуби првиот дуел од Оклахома

Читај повеќе
  • play_arrow

Тиаго Силва потпиша за Флуминенсе, доаѓа во јули

Читај повеќе

Шампионската титула на Реал ќе му биде врачена зад затворени врати

Читај повеќе
  • play_arrow

Вембанјама едногласно избран за најдобар дебитант во НБА

Читај повеќе

Борусија во Париз по 11 години бара пласман во ЛШ финалето

Читај повеќе