Одржа морална лекција

Инфантино: Се чувствувам и како Арап и како хомосексуалец, а вие сте лицемери

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, го обвини Западот за „лицемерие“ поради известувањата за човековите права во Катар пред одржување на СП.

На прес-конференција во Доха одржа монолог пред новинарите и скоро еден час зборуваше за Катар, човековите права и турнирот, а беше доста емотивен и за работите кои светските медиуми со месеци ги пласираа во јавноста, а се поврзани за СП во Катар.

„Денес имам силни емоции, се чувствувам како државјанин на Катар. Се чувствувам како Арап, како Африканец, се чувствувам и како хомосексуалец, како инвалид, како мигрант кој бил работник“, изјави Инфантино на почетокот од говорот.

Потоа додаде:

„Јас сум Европеец. За тоа што сме го правеле 3.000 години низ светот треба да се извинуваме во следните 3.000 години пред да даваме некому морални лекции. Ако на Европа навистина ѝ е грижа за судбината на овие луѓе, може да создаде легални канали, како што направи Катар, каде одреден број работници ќе дојдат во Европа и ќе работат. Дајте им малку иднина и мала надеж“, рече Инфантино.

Британскиот Guardian во февруари, 2021 година објави текст во кој наведе дека 6.500 работници мигранти од Индија, Пакистан, Непал, Бангладеш и од Шри Ланка починале во Катар од 2010 година. Поточно, откако оваа држава стана домаќин за организација на СП во фудбал.

Но, владата во Катар ги отфрли овие наводи велејќи дека бројката е погрешна и дека сите починати не работеле на проекти поврзани со Мундијалот.

„Ова е еднострана морална лекција која е лицемерна. Се прашувам зошто никој не го забележува направениот напредок од 2016 година. На критичарите не им е лесно да прифатат одлука донесена пред 12 години. Катар е подготвен, ќе биде најдобриот Мундијал досега. Не морам да го бранам Катар, тие можат сами да се бранат. Јас го бранам фудбалот“, порача Инфантино.

URL
реклама

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Read more

Фудбал

Борусија во Париз по 11 години бара пласман во ЛШ финалето

Read more

Кој ќе го замени Жиру во Милан?

Read more

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Read more

Спортинг ја освои титулата во Португалија

Read more
 

Спорт

Борусија во Париз по 11 години бара пласман во ЛШ финалето

Читај повеќе
  • play_arrow

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Кајрен Вилсон за прв пат во кариерата стана светски шампион во снукер

Читај повеќе

Кој ќе го замени Жиру во Милан?

Читај повеќе

Димитријевиќ од следната сезона ќе игра во Евролигата

Читај повеќе

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Читај повеќе
  • play_arrow

Спортинг ја освои титулата во Португалија

Читај повеќе

Мбапе подготвен да се соочи со Болт: Побрз е од мене, но ајде да се тркаме

Читај повеќе
  • play_arrow

Норис во солзи ја прослави првата победа во кариерата оставајќи го Верстапен зад себе

Читај повеќе