Иниеста даде гол првпат по 4 месеци
Ветеранот погоди во Јапонскиот куп во победата на неговиот тим од 3:1 и воедно се избори за финале.
Висел го пречека Шимизу Ес-Пулс во полуфиналето од Купот на Императорот. Токму Андрес Иниеста во 13-тата минута го отвори резултатот, што за него беше прв гол по 23 август.
Неговиот клуб во големото финале ќе игра против Кашима Антлерс на 1 јануари.