СЕРИЈА А 2022/2023

Интер го сруши Наполи и ја врати неизвесноста во трката за Скудетото

Фудбалерите на Интер му го нанесоа првиот пораз на лидерот Наполи сезонава во Серија А, а единствениот гол во дербито од 16-тото коло го постигна Един Џеко.

Пред 75.470 гледачи на стадионот „Џузепе Меаца“ во Милано синоќа се одигра дербито на првото коло по паузата во Серија А, во кое лидерот Наполи му гостуваше на Интер.

„Нераѕурите“ можеа да поведат уште на самиот почеток од натпреварот, но Федерико Димарко проигрувањето од Ромелу Лукаку на втора статива не го претвори во гол. Интер повторно се закани во 26. минута, но овојпат Матео Дармјан не беше прецизен по одличната асистенција на Џеко.

Уште една одлична шанса за Интер имаше Лукаку во 41. минута, но со десната нога шутираше над голот, а треба да се каже дека и Наполи имаше неколку опасни ситуации во првото полувреме, но голманот на Интер, Андре Онана, немаше потреба да реагира, или подобро кажано, ударите не беа прецизни.

Во 52. минута Наполи можеше да поведе, но Онана овојпат беше на вистинското место и го одбрани ударот на Осимхен, а само четири минути подоцна Интер постигна гол.

Димарко ја прими топката по левата страна, нафрли во шеснаесетникот на гостите, а Џеко откако му побегна на својот чувар Амир Рахмани, кој страшно лошо беше поставен, погоди со глава и му донесе водство на својот тим. Тоа беше негов седми првенствен гол сезонава и вкупно 10-ти во сите натпреварувања, вклучувајќи ја и Лигата на шампионите.

Remote video URL

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас натпреварот го почна од гостинската клупа, а во игра влезе во 76. минута на местото на грузиското чудо Хвича Кварацхелија. Сепак, ниту Елмас не успеа да му помогне на тимот на Лучано Спалети да го избегне поразот.

Интер рутински ја сочува стекнатата предност и оствари голема победа и тоа над единствениот до синоќа непоразен тим во Калчото.

Remote video URL

Со оваа голема победа Интер стигна до 33 освоени бода сезонава, што е еден помалку од третопласираниот Јувентус и три помалку од второпласираниот Милан, додека Наполи и покрај поразот останува на првото место со 41 освоен бод. Иако разликата и натаму е солидна, сепак е далеку од недостижна со оглед на тоа што во Серија А математички уште не е ни полусезна бидејќи има уште три кола од првиот дел.

Табела:

Standings provided by Sofascore
реклама

Груби ги бојкотираше претседателските избори

Read more

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Ирска ги згрози евровизиските гледачи: Гледавме ли сатанистички ритуал?

Read more

На 51% пребројани гласови Силјановска води 136 илјади пред Пендаровски

Read more

Фудбал

Фиорентина повторно ќе игра финале во Конференциската лига

Read more

Луис Енрике: Фудбалот понекогаш е толку нефер

Read more

Орсато означи крај во Париз и се расплака

Read more

Блесна стадионот во Битола: Пуштени рефлекторите Под Тумбе Кафе

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Фиорентина повторно ќе игра финале во Конференциската лига

Читај повеќе

Луис Енрике: Фудбалот понекогаш е толку нефер

Читај повеќе

Орсато означи крај во Париз и се расплака

Читај повеќе

Блесна стадионот во Битола: Пуштени рефлекторите Под Тумбе Кафе

Читај повеќе

Подготвени за нов спектакл? Реал и Баерн вечерва на мегдан за финале

Читај повеќе
  • play_arrow

На Дончиќ не му одеше шутот, Далас го загуби првиот дуел од Оклахома

Читај повеќе
  • play_arrow

Тиаго Силва потпиша за Флуминенсе, доаѓа во јули

Читај повеќе

Шампионската титула на Реал ќе му биде врачена зад затворени врати

Читај повеќе
  • play_arrow

Вембанјама едногласно избран за најдобар дебитант во НБА

Читај повеќе