Како изгледа кога навивач на Интер ќе се најде сам во тесен затворен простор со куп навивачи на лутиот ривал Милан?
Миланското дерби меѓу Интер и Милан важи за едно од најдобрите во светот. Не само на теренот, туку и на трибините знае да биде жестоко.
Милано е поделен град - или навивате за Интер, или за Милан. Но, двата тима имаат навивачи буквално во секое ќоше на градот, односно тие се испреплетени.
Возењето до стадион со миланското метро знае да биде вистинско доживување. Особено за странец. За среќа, Дербито дела Мадонина е мирољубиво дерби. Тепачки нема, дури ниту кога еден „несреќен“ навивач ќе се најде сам опкружен со куп навивачи на противничкиот тим.
Еве како изгледа кога еден навивач на Интер се погодил во метро полно во црвено-црни навивачи: