Интернет конкурс за видео-разговор со Киану Ривс

Познатиот актер и холивудски миленик Киану Ривс реши да ја искористи неговата популарност за добра цел, по којзнае кој пат.

Тој нуди состанок преку апликацијата Zoom со обожавател (или обожавателка) кој ќе донира најмногу пари за добротворна организација.

Ѕвездата на „John Wick“ и „Matrix“ се здружи со добротворната организација Camp Rainbow Gold од Ајдахо која им помага на деца болни од рак. Обожавателот со највисока донација за организацијата ќе добие 15-минутен онлајн состанок со актерот.

„Bill & Ted. Speed. Matrix. John Wick. Го знаете. Го сакате. Ова е навистина непроценливо и сега имате можност да разговарате со него од удобноста на вашиот дом“, стои во описот на конкурсот.

Фановите добија инструкции да ги подготвар однапред своите прашања за „пријатен разговор“ со 55-годишниот актер.

Виртуелната парична понуда за овој разговор беше проценета на 10.000 долари, но анонимен наддавач веќе ја зголеми на 16.600 долари.

Аукцијата ќе биде затворена следниот понеделник, а состанокот би се одржал во почетокот на јули.

Сите приходи собрани од кампањата „15 минути слава со Киану Ривс“ ќе бидат директно донирани во организацијата Camp Rainbow Gold.

Социјалните мрежи се преплавени од примери за тоа колку е прекрасен Киану Ривс за кого дури неодамна се дозна дека со години донира пари за детски болници, а се залага и за правата на животните и зборува за важноста на помагањето, позитивниот став и тоа да бидеме добри едни со други.

Тагови
реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Филм & ТВ

Како изгледа денес Роуз која го демнеше Чарли во Two and a Half Men

Read more

Пенелопе Крус важи за една од најубавите актерки, со години е на посебна диета

Read more

Новиот Lion King ја раскажува приказната за Муфаса

Read more

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Read more
 

Сцена

Како изгледа денес Роуз која го демнеше Чарли во Two and a Half Men

Читај повеќе

Пенелопе Крус важи за една од најубавите актерки, со години е на посебна диета

Читај повеќе
  • play_arrow

Новиот Lion King ја раскажува приказната за Муфаса

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе
  • filter

28 април 1980 – родена е македонската поп-ѕвезда Каролина Гочева

Читај повеќе

Ар Кели осуден на уште 20 години затвор за сексуално злоставување деца

Читај повеќе
  • play_arrow

Погледнете го трејлерот за хоророт The Exorcism со Расел Кроу

Читај повеќе

Трагичната љубовна приказна на Џулија Робертс и Метју Пери

Читај повеќе

Големото враќање на Селин Дион: Имам сила во себе, ништо нема да ме спречи

Читај повеќе