Интригите зад приказните за Бермудскиот триаголник

Бројни бродови и авиони исчезнале без трага внатре во замислениот Бермудски триаголник. Што ги предизвикало оние исчезнувања - останува мистерија.

Еден сончев ден пред околу 80 години, пет морнарички авиони полетале од база на Флорида. Тоа бил рутуски лет, познат како Летот 19. Откако полетале, ниту авионите ниту посадата повеќе никогаш не биле видени.

Така настанала легендата. Бермудскиот триаголник е област која, грубо кажано, е ограничена на Мајами, Бермудите и Порторико. Никој официјално не води статистика, но во минатиот век бројни бродови и авиони едноставно исчезнале без трага внатре во овој замислен триаголник.

Во минатото биле забележани необични карактеристики на оваа област. И Кристофер Колумбо во својот дневник напишал за бизарното движење на иглата на компасот во таа област. Областа го добила своето име во август 1964 година кога Винсент Гадис го измислил терминот Бермудски триаголник додека за списанието Argosy пишувал приказна за исчезнувањето на Летот 19. Таквата статија поттикнала создавање на бројни митови.

Постојат бројни егзотични теории за Бермудскиот триаголник како што луѓето се обидувале да објаснат што се случило со исчезнатите патници.

Исчезнувањата им се припишуваат на џиновски морски чудовишта, џиновски лигњи, вонземјани и постоење на мистериозна трета димензија создадена од непознати суштества или дури и океан што наеднаш испушта големи количини заробен метан.

Реалноста, велат многумина, е многу поразлична. Мајка природа, човечка грешка, лоша изработка или дизајн и обична лоша среќа можат да објаснат многу исчезнувања.

„Регионот е многу посетуван и е фреквентен крстопат уште од времето на првите европски истражувања“, вели Џон Рајли, историчар од Американската поморска историска фондација. „Да се ​​каже дека многу бродови и авиони потонале е исто како да се каже дека има ужасно многу сообраќајни несреќи на автопатот во Њу Џерси“.

Поручникот Ал Расел во официјалниот одговор на американската крајбрежна стража на прашањата за Бермудскиот триаголник, пишува: „Нашето искуство е дека комбинираните сили на природата и непредвидливоста на човештвото ги надминуваат научно-фантастичните приказни“.

Исчезнувањето на Летот 19

Легендата за Бермудскиот триаголник засекогаш ќе биде врзана за судбоносната вежба што се случила на 5 декември 1945 година.

Летот 19 тргнал од американската поморска воздухопловна станица во Форт Лодердејл на Флорида. Пет авиони Grumman TBF Avenger, американски торпедни бомбардери, полетале околу 14 часот и 10 минути на рутинска вежба.

Предводени од инструкторот поручник Чарлс Тејлор, задачата била да се лета трикратна триаголна рута со неколку вежби за бомбардирање над Хен и Чикинс.

Во време кога авионите немале GPS, Тејлор брзо по бомбардирањето се загубил. Пилотите кои во 1945 година летале над вода се ослонувале на компас за да би знаеле колку долго летаат во одреден правец и со која брзина.

Очигледно, двата компаса во авионот на инструкторот Тејлот биле неисправни. Транскрипти од комуникацијата за време на летот сугерира дека не носел часовник.

Авионите летале во една па во друга насока додека благата дневна светлина се претворила во темно бурно море. Транскриптите исто така даваат информации дека Тејлор смислил план. Штом нивото на гориво на првиот авион ќе паднело под 10 литри, сите пет авиони требало да слетаат на море.

Avenger биле познати како исклучително робустни авиони. Пилотите понекогаш ги нарекувале „Железни птици“, вели Марк Еванс, историчар во Одделот за историја на поморската авијација во Поморскиот историски центар.

„Правени се како тенкови. Понекогаш од битка се враќаа изрешетани, но сѐ уште во функција. Пилотите ги обожаваа“, додава.

Исто така биле многу тешки, тежеле околу 4.535 килограми, без пилотот. Можноста некој да преживее при слетување на отворено море била мала, шансата да ја преживее ноќта во студените води била нула, а веројатноста остатоците брзо да потонат на дното била голема.

Во деновите што следеле, била извршена масовна потрага на копно и море, но ниту телата ниту остатоците никогаш не биле пронајдени.

За трагедијата да биде уште поголема, и еден од спасувачките авиони исто така исчезнал заедно со својот екипаж пд 13 луѓе. Авионот со кој летале, PBM Mariner, го викале „летечки резервоар за гас“: најмала искра или кибрит можел да предизвика експлозија. Брод во областа пријавил дека видел огромна огнена топка, како и дека минал низ нафтена дамка во точното време и место каде што бил авионот. Морнарицата го прекинала производството на тој авион во 1949 година.

Во конечниот извештај на морнарицата, исчезнувањето на Летот 19 било оквалификувано како пилотска грешка. Семејството на Тејлор се побунило и, по неколку претреси, пресудата била променета во „непознати причини“.

Гробишта на Атлантикот

Областа на Бермудскиот триаголник има некои необични карактеристики. Тоа е едно од само двете места на Земјата - другото е област наречена Ѓаволско Море во близина на источниот брег на Јапонија, која има слична мистериозна репутација - каде што се порамнуваат север и северниот магнетен пол, што го отежнува читањето на компасот.

Тоа е исто така дом на некои од најдлабоките подводни ровови во светот; остатоците би можеле да потонат во воден гроб со километри под површината на океанот. Поголемиот дел од морското дно во Бермудскиот триаголник е длабок околу 5.791 метар; во еден момент, ровот на Порторико се спушта на 8.229 метри под нивото на морето, а силните струи уште повеќе ја отежнуваат пловидбата.

„Најголемите проблеми во таа област се ураганите“, вели Дејв сод Националната управа за океани и атмосфера.

Голфската струја патува по западниот раб на триаголникот, истакнува Феист, и може да биде фактор на ризик. Голфската струја е како река во океанот, широка од 64 до 80 километри, која циркулира во северниот дел на Атлантскиот Океан. Топлата вода и струите од два до четири јазли можат да создадат временски обрасци кои остануваат канализирани во неа.

„Во соодветни атмосферски услови, може да се појават неочекувано високи бранови“, објаснува Фејст. „Ако брановите надвор од Голфската струја се високи околу два и пол, внатре во него може да бидат два, три пати повисоки. Морнарите понекогаш можат да ја препознаат Голфската струја по облаците и грмотевиците над неа“.

Сепак, до ден денес ништо не е докажано, а легендите за Бермудскиот триаголник живеат.

реклама

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Read more

Вести

Во Чиле отворена опсерваторија на височина од 5.640 метри

Read more

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Read more

6G работи 500 пати побрзо од просечните телефони со 5G

Read more

Кинеско летало без екипаж тргна кон темната страна на Месечината

Read more
 

Гик

Во Чиле отворена опсерваторија на височина од 5.640 метри

Читај повеќе
  • play_arrow

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Читај повеќе

6G работи 500 пати побрзо од просечните телефони со 5G

Читај повеќе
  • play_arrow

Кинеско летало без екипаж тргна кон темната страна на Месечината

Читај повеќе

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Читај повеќе

Откриени спецификациите на смартфонот Sony Xperia 1 VI

Читај повеќе

Првпат досега орангутан забележан како си лекува рана со билки

Читај повеќе

Блокирањето на X платформата веќе не е исто

Читај повеќе
  • play_arrow

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Читај повеќе