УЕФА ЛИГА НА ШАМПИОНИ 2022/2023

Инѕаги не ја отпишува Бенфика: Одигравме одлично, но има и реванш

Фудбалерите на Интер синоќа ја совладаа Бенфика среде Лисабон со 2:0 во првиот четвртфинален дуел од Лигата на шампионите, и со една нога нагазија во, за нив, првото полуфинале по 2010 година.

И покрај тоа што не пружија некоја којзнае каква игра, гостите до триумфот дојдоа со головите на Николò Барела и Ромелу Лукаку, па така си обезбедија голема предност пред реваншот.

Предводникот на миланскиот тим, Симоне Инѕаги, беше особено задоволен од настапот на своите играчи, но напомена дека Бенфика не може толку рано да се отпише.

„Момците пружија сјаен перформанс преку многу труд, трчање и посветеност. Уживавме вечерва, но исто така сум свесен дека ова беа само првите 90 минути. Одлично одигравме во двете фази, не дозволувајќи му на противникот многу простор. Момците беа одлични, но реваншот никако не можеме да го земеме здраво за готово“, рече Инѕаги.

Кога Лукаку го реализираше ударот од белата точка за 2:0, од клупата за резерви заменетиот Един Џеко од преголема радост втрча на теренот за да го прослави голот со останатите. Тоа го чинеше жолт картон.

„Тоа е нормално во фудбалот, морате да бидете обединети. Во овие 18 месеци никогаш не ме имате слушнато да се пожалам на залагањето на овие момци. И натаму сме во игра во три силни натпреварувања и мораме да продолжиме“, дополни тренерот на „Нераѕурите“.

Потсетуваме, реваншот помеѓу Интер и Бенфика е закажан наредната среда од 21 часот на „Џузепе Меаца“ стадионот во Милано.

реклама

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Фудбал

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Read more

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Read more

Модриќ има „план Б“ во случај да замине од Реал

Read more

Намалена казната на „комарџијата“ Тонали, познато е кога се враќа на терен

Read more
 

Спорт

Тренерот на Лејкерс доби отказ: Последниве две години беа пеколни

Читај повеќе
  • play_arrow

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Читај повеќе

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Читај повеќе

Модриќ има „план Б“ во случај да замине од Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Тајсон пред големата борба: Тешко му е без секс и марихуана

Читај повеќе
  • play_arrow

Спектакуларниот Брансон го донесе Њујорк во полуфиналето на Истокот, крај за Бакс

Читај повеќе
  • filter

Грчка новинарка влезе во историјата на Евролигата: Тука сум да кршам стереотипи

Читај повеќе

Намалена казната на „комарџијата“ Тонали, познато е кога се враќа на терен

Читај повеќе
  • filter

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Читај повеќе