УЕФА ЛИГА НА ШАМПИОНИ 2021/22

Инѕаги објасни зошто го остави Џеко на клупа

Сите кои синоќа го гледаа натпреварот Ливерпул - Интер се изнадија што Един Џеко преседа на клупата не добивајќи шанса да влезе во игра. Тренерот на „Нераѕурите“ даде објаснување зошто постапил така со босанскиот голгетер.

Интер бркаше негатива од 0:2 од првиот натпревар во Милано, а во нападот Симоне Инѕаги се одлучи натпреварот да го почне со Лаутаро Мартинес и Алексис Санчес, оставајќи го Един Џеко на клупата.

Не вметнувањето на Џеко во првите 11 значеше само едно - дека Босанецот ќе влезе од клупа во второто полувреме. Но, ниту тоа не се случи бидејќи во игра во нападот влезе брзоногиот Хоакин Кореа. Веројатно на таквата одлука на Инѕаги ѝ кумуваше црвениот картон на Санчес во 63. минута.

„Имавме проблем со кондицијата откако останавме со 10 играчи. Хакан Чалханолу беше уморен, а Џеко ќе ни биде многу важен во Торино, па морав да правам некои други пресметки. Не се обидував да го заштитам резултатот од 1:0, пробував да ја одржам рамнотежата до крајот за да можеме да го загрозиме домаќинот. Жал ми е за Санчес бидејќи Ливерпул и тоа како се потресе со голот на Лаутаро и сакав да видам што ќе се случеше по тоа“, објасни Инѕаги за Sky Sport Italia.

Од неговите зборови несфатливо е зоштро во вторник би го чувал Џеко за натпревар кој се игра тек в недела вечер. Воедно, Џеко синоќа во Ливерпул ќе одиграше најмногу половина час (секако, доколку не заминеше натпреварот во продолженија).

„Секако постои големо жалење бидејќи со сите сили сакавме да влеземе во четвртфиналето. Игравме против Ливерпул кој заедно со Мначестер Сити и Баерн е моментално најдобрата екипа во Европа, и се боревме рамноправно со нив“, додаде Инѕаги.

Откако синоќа Интер доживеа елиминација од Лигата на шампионите, сега избраниците на Симоне Инѕаги ќе се сконцентрираат кон одбрана на Скудетото. Во игра се и во Копа Италија каде треба да играта реванш полуфинален натпревар со Милан.

Наредниот предизвик за Интер е гостувањето кај Торино во рамки на 29. коло од Серија А, натпревар закажан за в недела од 20:45.

реклама

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Фудбал

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Read more

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Read more

Модриќ има „план Б“ во случај да замине од Реал

Read more

Намалена казната на „комарџијата“ Тонали, познато е кога се враќа на терен

Read more
 

Спорт

Тренерот на Лејкерс доби отказ: Последниве две години беа пеколни

Читај повеќе
  • play_arrow

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Читај повеќе

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Читај повеќе

Модриќ има „план Б“ во случај да замине од Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Тајсон пред големата борба: Тешко му е без секс и марихуана

Читај повеќе
  • play_arrow

Спектакуларниот Брансон го донесе Њујорк во полуфиналето на Истокот, крај за Бакс

Читај повеќе
  • filter

Грчка новинарка влезе во историјата на Евролигата: Тука сум да кршам стереотипи

Читај повеќе

Намалена казната на „комарџијата“ Тонали, познато е кога се враќа на терен

Читај повеќе
  • filter

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Читај повеќе