Иран ѝ испраќа стотици беспилотни летала на Русија, ќе завршат на украинското бојно поле

Советникот за национална безбедност на Белата куќа Џејк Саливан изјави дека Соединетите Американски Држави имаат информации за тоа како Иран планира да обезбеди значителна воена помош за Руската Федерација во наредниот период.

Според информациите достапни во Вашингтон, Иран планира да ѝ испорача на Русија стотици беспилотни летала кои оваа земја треба да ги користи во Украина.

„Иранската влада се подготвува да ѝ достави на Русија до неколку стотици беспилотни летала, вклучително и модели кои можат да носат оружје“, рече Саливан.

Тој исто така нагласи дека наскоро во Иран треба да се одржи обука на руските сили.

„Нашите информации покажуваат дека Иран се подготвува да ги обучи руските сили за користење на овие беспилотни летала, а почетната обука треба да започне веќе во јули“, нагласи Белата куќа.

URL

Меѓу другото, Саливан појасни дека ирански беспилотни летала веќе се користени на одредени боишта, што првенствено се однесува на Јемен, каде што бунтовниците Хути досега ги користеле кога планирале напади врз Саудиска Арабија.

Кога станува збор за украинската страна, Белата куќа појасни дека украинските сили имале значителен успех во користењето борбени беспилотни летала Bayraktar, додека САД и другите сојузници го снабдувале Киев со дронови за други цели.

„Од наша перспектива, ние ќе продолжиме да го даваме нашиот дел за да помогнеме да се одржи ефикасна одбрана на Украина и да им помогнеме да им покажеме на Украинците дека руските напори и обиди да ја избрише земјата од мапата нема да успеат“, рече Џејк Саливан.

реклама

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Таjчи по 34 години го облече фустанот што го носеше на Евровизија

Read more

Свет

Хамас го прифати договорот за прекин на огнот

Read more

Претепани политичари во Германија, граѓаните излегоа на улица

Read more

Русија најави вежби за тактичко нуклеарно оружје: Одговараме на провокациите

Read more

Студентски протести за Газа почнаа во Белгија и Холандија

Read more
 

Вести

Хамас го прифати договорот за прекин на огнот

Читај повеќе

Бојан Јовановски за пријавата од Кичеец: Ова е почеток на една битка со цела криминална банда

Читај повеќе

Советот на Европската Унија го усвои планот за раст за Западен Балкан

Читај повеќе

Претепани политичари во Германија, граѓаните излегоа на улица

Читај повеќе

Ден пред двојните избори гласаат болните и изнемоштените лица, затворениците и дијаспората

Читај повеќе

Русија најави вежби за тактичко нуклеарно оружје: Одговараме на провокациите

Читај повеќе

Тешка сообраќајка кај Влае – има повредени, едното возило преполовено

Читај повеќе

Студентски протести за Газа почнаа во Белгија и Холандија

Читај повеќе
  • play_arrow

Што да очекуваме по денешната инаугурација на Путин?

Читај повеќе