Исфрлањето на глутенот од исхраната не е за секого безопасно

Сè попопуларно е исфрлањето на глутенот од исхраната, но луѓето не се свесни дека со овој чекор си го загрозуваат сопственото здравје.

Глутенот е протеин кој се наоѓа во пченицата и други сродни житарки, а блага интолеранција на оваа супстанца имаат многумина. Во најголем дел случаи се работи за толку блага интолеранција, што е дури и неприметлива, но постојат случаи на сериозна интолеранција како што е Целијакијата, вид на автоимуно пореметување.

Во случаи на дијагностицирана интолеранција на глутен, позната како Целијакија или Целијачна болест, намирниците кои го содржат овој протеин се исфрлаат од исхраната, а тоа се прави исклучиво со препорака и надзор на лекар. Сепак, во последниве години, сè повеќе луѓе одлучуваат да го исфрлат глутенот од нивната исхрана, бидејќи тоа стана некако модерно, или, пак, сметаат дека тоа ќе им помогне да ослабат.

Сепак, она што не го знаат е дека исфрлањето на глутенот од исхраната без медицинска причина всушност има многу лошо влијание врз организмот.

Дебелеење или слабеење

Ако престанете да внесувате глутен, може да се појави недостаток на некои важни хранливи материи како резултат на лоша апсорпција на витамини и минерали, како што се калциум, фолати, железо, витамин Д. Во случај тоа да трае подолг временски период, може да дојде до проблем со апсорпцијата на јаглените хидрати и маснотиите, што доведува до слабеење.

Од друга страна, некои можат да да се здебелат. Едно истражување од 2010 година покажа дека исхраната без глутен им помага на луѓето кои имаат Целијачна болест да ја нормализираат телесната тежина, односно на оние кои имаат прекумерна тежина да ослабат, и на оние кои се премногу слаби за да добијат тежина.

Но, сè зависи од тоа која храна без глутен ја јадете, затоа немојте да мислите дека само исфрлањето на глутен (без медицинска причина) може да ви помогне да ослабете.

Запек

Исфрлањето на овој протеин од вашата исхрана значи дека веќе не јадете производи од цели зрна, кои обично имаат најмногу хранливи влакна. А бидејќи храната без глутен не содржи толку многу влакна, може да се појави запек.

Недостаток на витамини и минерали

Во случаи кога глутенот се исфрла од исхраната, а нема интолеранција на овој протеин, може да се појави недостаток на витамин Б, железо и други макронутриенти кои обично се наоѓаат во житарките.

Безглутенската исхрана во случаи кога е медицински оправдана не е опасна затоа што се спроведува под надзор и според препораките на експертите, кои знаат која храна треба да се јаде повеќе за да се избегне недостаток на важни хранливи материи и витамини во телото. Од друга страна, кога ќе го направите тоа сами, лесно можете да си создадете проблем кој лошо ќе се одрази врз варењето и здравјето.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Здравје

Како да го намалите нивото на кортизол во телото ако постојано сте под стрес?

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more
 

Магазин

Стјуардеса ги откри најдобрите места за деца и зошто родителите со бебе не треба да летаат ноќе

Читај повеќе
  • play_arrow

Рецепт на денот: Ќофтиња со кашкавал и зеленчук

Читај повеќе

Како да го намалите нивото на кортизол во телото ако постојано сте под стрес?

Читај повеќе

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Читај повеќе

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Читај повеќе

Која храна содржи најмногу пластика?

Читај повеќе

Стевчо собра повеќе потписи од гласови – поразот главна тема на социјалните мрежи

Читај повеќе

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Читај повеќе
  • play_arrow

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Читај повеќе