Искрен трејлер за „Jurassic Park 3“
Во последните неколку години Холивуд почна да произведува многу, дури и премногу продолженија на популарни филмови. Во период кога сме опкружени од толку продолженија и спинофи, се прашуваме од каде почна овој тренд? Одговорот можеби лежи во „Jurassic Park 3“, продолжението на еден од најпопуларните филмови на сите времиња.
Кога холивудските продуценти забележаа дека можат многу лесно да привлечат публика во киносалите со ставање наслов од позната франшиза на нивниот филм, тогаш сѐ тргна наопаку. По повод премиерата на „Jurassic World: Fallen Kindgom“, YouTube каналот Screen Junkies реши да нѐ награди со еден Искрен трејлер за „Jurassic Park 3“.