Искрен трејлер за „Tangled“
Анимираниот филм „Tangled“ излезе пред точно девет години, во ноември 2010, како едно од најчекуваните изданија на Walt Disney Animation Studios.
Приказната е базирана на бајката за Рапунзел на браќата Грим, а гласовите за главните ликови ги позајмија Менди Мур, Закари Ливај и Дона Марфи.
Продукцијата за „Tangled“ траеше шест години и наводно чинеше 260 милиони долари, а заработи 591 милион долари на киноблагајните ширум светот.
Сега доби и искрен трејлер од екипата на Screen Junkies.