Николас Кејџ е најновата холивудска ѕвезда што го игра суперхеројот Спајдермен во играна адаптација на популарните стрипови на Marvel, пренесува People.

Кејџ ќе игра постара верзија на легендарниот суперхерој во играната серија Noir, која е продуцирана од MGM+ и стриминг сервисот на Amazon, Prime Video. Серијата е базирана на стрипот Spider-Man Noir.
Дејството на серијата е сместено во 1930 година и го следи остарениот приватен детектив на кого среќата му го свртела грбот. Детективот го прогонува неговото минато и периодот кога бил единствениот суперхерој во Њујорк.

Noir ќе го режира добитникот на Еми, Хари Бредбер, најпознат по сериите Fleabag и Killing Eve. Извршни продуценти на серијата се Орен Узиел и Стив Лајтфут.
„Неизмерно талентираниот Николас Кејџ е идеален избор за нашиот нов суперхерој, а искусниот продукциски тим на Фил Лорд, Кристофер Милер, Ејми Паскал и неверојатниот тим на Sony е посветен на проширување на оваа франшиза на најверниот можен начин“, рече Вернон Сандерс од Amazon MGM.
Во 2018 година, Кејџ го позајми гласот за анимираната верзија на Spider-Man Noir во популарниот филм Spider-Man: Into the Spider-Verse. Покрај Noir, познатиот оскаровец моментално работи и на психолошкиот трилер The Surfer, хорор филмот Longlegs и адаптацијата на романот The Gunslinger, напишан од Стивен Кинг.