„Isn’t It Romantic“ трејлер: Ребел Вилсон заробена во романтична комедија
Објавен е првиот трејлер за комедијата „Isn’t It Romantic“ со Ребел Вилсон во главната улога.
Откако ќе биде песимистички настроена кон нејзиниот љубовен живот Натали (Вилсон) се буди заробена во нејзина сопствена романтична комедија, откако ќе доживее мала несреќа. Кога ќе се разбуди ја чека вистинско совршенство, но и тоа не ѝ одговара.
Во филмот има цела екипа од славни актери како Лиам Хемсворт, Пријанка Чопра и Адам Девин. Премиерата е закажана за 14 февруари 2019 година.