Историска одлука: Во Ватикан жените за прв пат гласаат на состанокот на Архиерејскиот синод

Макфакс
/ 04.10.2023 / 09:57

На жените ќе им биде дозволено да гласаат за прв пат на седницата на Бискупскиот синод на Римокатоличката црква, што почнува во Рим.

Во април, папата Франциск ги одобри измените на нормите кои го регулираат Архиерејскиот синод, отворајќи го патот за жените да имаат 54 од вкупно 365 гласа.

„Ова е извонреден чекор напред за жените. Не само поради настаните од овој октомври во Рим, туку и поради тоа што црквата најде поинаков начин да биде црква“, изјави директорката на Светската женска опсерваторија, Мариа Лиа Ѕервино.

На тринеделниот Синод, кој ќе се одржи зад затворени врати, ќе учествуваат стотици делегати кои ќе се осврнат на некои од најгорливите прашања со кои се соочува црквата – од улогата на жената до свештеничкиот целибат и благословот на геј паровите.

Сесијата ќе заврши со гласање за конкретни предлози кои потоа ќе му бидат претставени на папата на разгледување.

Наместо да се фокусира на една тема, како што е вообичаено, агендата за овој Синод ќе се однесува на широкото прашање како Римокатоличката црква може да биде поинклузивна.

Иако жените се од витално значење за голем дел од црковната работа, од настава во католичките училишта до персонал во католичките болници, црквата сè уште им забранува да станат свештеници или да достигнат највисоки чинови.

Папата Франциск презеде нови чекори за справување со оваа нерамнотежа, назначувајќи неколку жени на високи позиции во Ватикан.

Сепак, одлуката да им се дозволи на жените да гласаат во Синодот предизвика негодување од конзервативните струи на Римокатоличката црква.

реклама

Европа ќе гори до крајот на мај: Се формира рекордна топлотна купола 

Read more

9 совети како да го стопите салото на стомакот со пешачење

Read more

Како кората од портокал може да го забрза растот и цветањето на цвеќињата?

Read more

Храна што го намалува холестеролот, а не ја јадеме доволно

Read more

Свет

Ангела Меркел и Марио Драги се можни преговарачи на ЕУ со Путин

Read more

Фон дер Лајен предупреди: ЕУ нема друг избор

Read more

Иран се заканува со ширење на војната надвор од Блискиот Исток ако САД повторно нападнат

Read more

Европа ќе гори до крајот на мај: Се формира рекордна топлотна купола 

Read more
 

Вести

Ќе нема вода во дел од Дебар Маало

Читај повеќе

Променливо облачно со сончеви периоди и засилен ветер од север

Читај повеќе

Без струја денеска делови од Ѓорче Петров и Петровец

Читај повеќе

Ангела Меркел и Марио Драги се можни преговарачи на ЕУ со Путин

Читај повеќе

Nestlé и Danone под истрага: Дали предоцна била повлечена контаминираната храна за бебиња?

Читај повеќе

Фон дер Лајен предупреди: ЕУ нема друг избор

Читај повеќе

Иран се заканува со ширење на војната надвор од Блискиот Исток ако САД повторно нападнат

Читај повеќе

СДСМ: Мицкоски не го сака Груевски назад за да не му ја преземе партијата

Читај повеќе

Пријава за малтретирање против скопски полицајци од интервентна

Читај повеќе