Историски триумф на Серена Вилијамс го освои Мелбурн

Серена Вилијамс ја освои титулата на Аустралија Опен откако во финалето ја совлада својата постара сестра Венус со 6:4, 6:4 за 84 минути игра.

Серена Вилијамс испиша историја на Аустралија Опен освојувајќи ја седмата титула во Мелбурн, вкупно 23-та од грен слем турнирите, со што ја мина Штефи Граф на вечната листа на тенисерки со најмногу титули на грен слем турнирите во опен ерата.

Покрај рекордот, Серена повторно ја освои и првата позиција на ВТА листата, каде досега се наоѓаше Анжелик Кербер, која не успеа да ја одбрани минатогодишната титула во Мелбурн.

Сестрите Вилијамс го одиграа второто меѓусебно финале во Австралија, а како и во 2003 година победи помладата Серена.

Што се однесува до мечот, во првите четири гема ниту една од сестрите не го освои својот сервис, за потоа Серена да освои три гема во низа и да го добие првиот сет со 6:4.

Во вториот сет во првите четири гема тенисерките беа сигурни на својот сервис, иако Венус беше таа која не реализира три топки за брејк во третиот гем.

Клучен за овој сет и за мечот беше осмиот гем кога Серена направи брејк, а потоа со идентични 6:4 го заклучи мечот.

реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Тенис

Швјонтек го освои Мастерсот во Мадрид

Read more

Мадрид ќе добие нов шампион – Рубљов го победи Алкарас

Read more

Ѓоковиќ го откажа Мастерсот во Мадрид, па дојде на Ел Класико да го бодри Реал

Read more

Надал елиминиран од Де Минор

Read more
 

Спорт

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Читај повеќе
  • play_arrow

По 6 години ПСВ е шампион на Холандија

Читај повеќе

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Читај повеќе
  • play_arrow

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Читај повеќе
  • play_arrow

Изненадување во Денвер: Јокиќ и Нагетс паднаа на првиот меч, Едвардс броеше до 43

Читај повеќе

Швјонтек го освои Мастерсот во Мадрид

Читај повеќе

Тренерот на Лејкерс доби отказ: Последниве две години беа пеколни

Читај повеќе
  • play_arrow

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Читај повеќе

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Читај повеќе