Истражување: Качувањето по скали за 40% го намалува ризикот од смртоносен рак

Одржувањето кондиција може да го преполови ризикот од рак, покажа истражување направено во период од 33 години.

Податоците од милион мажи во Шведска покажаа дека одржувањето форма помага во заштитата од најмалку 9 видови тумор. Ги зајакнува срцето и белите дробови во периодот од 16-тата до 25-тата година и е поврзано со намалена шанса за тумор на вратот, грлото, желудникот, панкреасот, црниот дроб, бубрезите, цревата или белите дробови во средните години. Во најдобар случај, ризикот од рак на бели дробови бил за 42% помал отколку кај луѓето што не одржувале форма.

„Оваа студија покажува дека поголемата кондиција кај здравите млади мажи е поврзана со помал ризик од развој на 10 од 18 истражени карциноми. Овие резултати би можеле да се користат во јавната здравствена политика, зајакнувајќи го поттикот за зголемување на кардиореспираторната кондиција кај младите“, вели д-р Арон Онеруп од Универзитетот во Гетеборг.

Луѓето кои учествувале во студијата ја проверувале својата здравствена состојба за време на воениот рок помеѓу 1968 и 2005 година и биле следени во просек по 33 години.

Тоа сугерира дека поголемиот дел карциноми се откривани пред 60-тата година од животот. Половина Британци во еден момент од животот ќе добијат рак, но анкетите покажуваат дека половина од жените и третина од мажите не вежбаат.

Во меѓувреме, околу 50% од децата се активни секој ден, а секое трето дете има прекумерна тежина. Британскиот Национален здравствен сервис (НХС) вели дека возрасните треба да прават 150 минути умерени вежби неделно, додека децата треба на целат на еден час активност дневно.

Ризикот од рак може да се намали преку одржување на здрава тежина, балансирање на нивоата на хормоните, контрола на крвниот притисок и шеќерот во крв, како и јакнење на имунолошкиот систем.

Пишувајќи за списанието British Journal of Sports Medicine, д-р Онеруп додава: „Поединците со мала кондиција се малку посклони да бидат дебели и почесто да консумираат алкохол и супстанци. Луѓето можат да ја подобрат својата кардио кондиција преку брзо одење, џогирање, возење велосипед, пливање или редовно качување по скалила“.

Тагови
реклама

Од вторник Земјата влегува во златно време на сончевите затемнувања

Read more

Помрачување на Сонцето на 17 февруари: Нов почеток за 4 хороскопски знаци

Read more

Катаклизмична бура ја разнесе Грција: Плажи се претворија во ровови, патишта и домови целосно уништени

Read more

Исчезнатиот Виктор Илиоски најден починат

Read more

Здравје

Зошто шведска болница бара донатори на измет?

Read more

Еден непопуларен зеленчук е „мелем“ за црниот дроб

Read more

Пиењето „шотови“ маслиново масло стана вирален хит: Дали навистина е добро за здравјето?

Read more

Зошто не треба да ги оставате гостите да ви шетаат низ дома со чевли?

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

Единствената сестра на Адолф Хитлер за која ретко се зборува

Читај повеќе

Како правилно да чувате зрна и мелено кафе?

Читај повеќе
  • play_arrow

Рецепт на денот: Паста е фаџоли на балкански начин

Читај повеќе

Како да се ослободите од жолтите дамки на душекот?

Читај повеќе

Европска земја подарува приватни острови, но има една „цака“

Читај повеќе

Работат 4 дена, петок се слободни, а продуктивноста е висока: Во Холандија знаат како

Читај повеќе

Зошто шведска болница бара донатори на измет?

Читај повеќе

6 правила за пари што богатите никогаш не ги кршат

Читај повеќе
  • play_arrow

Еден непопуларен зеленчук е „мелем“ за црниот дроб

Читај повеќе