Истражување: Вештачките засладувачи се поврзани со поголем ризик од рак

Консумирањето вештачки засладувачи може да го зголеми ризикот од развој на рак, покажа големо француско истражување. Но, некои научници кои не биле вклучени во студијата тврдат дека тоа не е доволно докази за да се променат актуелните здравствени препораки.

Милиони луѓе секојдневно консумираат засладувачи во производи како диетални сокови, делумно за да избегнат да добијат вишок килограми поради внесувањето премногу шеќер. Но, замената на шеќерот со вештачки засладувачи е контроверзна веќе некое време.

За да проценат дали засладувачите предизвикуваат рак, истражувачите во Франција ги анализирале податоците собрани меѓу повеќе од 100.000 испитаници. Како дел од истражувањето на француската веб-страница NutriNet-Sante, тие преку прашалник пријавиле што јадат, каков начин на живот живеат и навеле потенцијална медицинска историја во интервалите од 2009 до 2021 година.

Тие потоа ја споредија поврзаноста на потрошувачката на засладувачи со ризикот од рак и разгледаа други варијабли, како што се пушењето, лошата исхрана, возраста и физичката активност.

Помеѓу учесниците во студијата кои консумирале засладувачи, забележан е зголемен ризик од рак „почесто од просекот - 13 отсто поголем отколку кај оние кои не ги консумирале“, рече Матилде Тувие, директорка за истражување на францускиот институт INSERM и водач на студијата.

Според студијата објавена во списанието PLOS Medicine, поголем ризик од рак бил особено евидентен кај оние кои консумирале аспартам и ацесулфам калиум, кои се користат во многу безалкохолни пијалоци.

Соковите сочинуваат повеќе од половина од вкупната потрошувачка на вештачки засладувачи, додека засладувачите за храна сочинуваат 29 проценти.

Студијата наведува дека некои испитаници „забележале поголем ризик од развој на рак на дојка и некои форми на рак поврзани со прекумерна тежина“.

Тувие рече дека „не може целосно да се исклучи субјективноста при пополнувањето на прашалникот, што е поврзано со начинот на живот на потрошувачите“ и повика на дополнителни истражувања кои би можеле да ги потврдат досегашните резултати.

Американскиот национален институт за рак и британското истражување за рак велат дека засладувачите не предизвикуваат рак, додавајќи дека тие се одобрени за употреба од Европската управа за безбедност на храната.

„Поврзаноста на вештачките засладувачи со ризикот од рак е контроверзно прашање од 1970-тите, кога засладувачот цикламат беше забранет за употреба поради неговата поврзаност со ракот на мочниот меур кај глувците, иако таква поврзаност не е забележана кај луѓето“, рече Џејмс Браун, биомедицински експерт од британскиот универзитет Астон.

Браун, кој не учествуваше во студијата, изјави дека тоа е „добро обмислено и реализирано“ и дека е спроведено на „импресивно“ голем примерок од испитаници.

Но, тој додаде дека „не верува оти истражувањето вклучило доволно докази“ за Британската национална здравствена служба „да ги промени своите препораки досега“.

Мајкл Џонс од Институтот за истражување на ракот во Лондон верува дека здружението прикажано во студијата „не имплицира причинско-последична врска“ и дека „не е доказ дека вештачките засладувачи предизвикуваат рак“.

Резултатите од истражувањето не треба да бидат поттик за враќање на консумацијата на слатки пијалоци. Имено, според истражувањето на NutriNet-Sante од 2019 година, откриено е дека тие се поврзани и со поголем ризик од развој на неколку видови на рак.

Браун рече дека не се сите засладувачи исти.

„На пример, засладувачите на база на стевиа покажаа здравствени придобивки. Ако користите квалитетен вештачки засладувач како замена за шеќер, тоа ќе ви помогне да изгубите тежина", рече тој.

реклама

Пет автомобили кои нема да ја дочекаат 2024 година

Read more

Зошто нема расположение за секс во вашата врска?

Read more

Астро љубов: Какви бивши сте според хороскопскиот знак?

Read more

Најопасниот хотел во светот: Среде море, опкружен со ајкули

Read more

Здравје

Кои се најчестите постпородилни проблеми од кои страдаат милиони жени?

Read more

Како зимското време влијае на метаболизмот?

Read more

Зошто животот во брак може да го зголеми крвниот притисок?

Read more

5 витамини за здрави заби и непца што треба да ги внесувате секој ден

Read more
 

Магазин

Астро љубов: Какви бивши сте според хороскопскиот знак?

Читај повеќе
  • play_arrow

Најопасниот хотел во светот: Среде море, опкружен со ајкули

Читај повеќе

Кои се најчестите постпородилни проблеми од кои страдаат милиони жени?

Читај повеќе

Како зимското време влијае на метаболизмот?

Читај повеќе

Зошто животот во брак може да го зголеми крвниот притисок?

Читај повеќе
  • play_arrow

5 најдобри вежби за да ги набилдате мускулите на рацете

Читај повеќе

Викенд хороскоп: Лавот ќе биде ѕвезда, Јарецот бара внатрешен мир

Читај повеќе

Зошто нема расположение за секс во вашата врска?

Читај повеќе

Кои моменти од детството децата ќе ги паметат засекогаш?

Читај повеќе