Италија ни по 15 јуни нема да ги отвори границите за земјите надвор од ЕУ

Ниту по 15 јуни Италија нема да дозволи странците од земјите што не се членки на ЕУ да влезат во земјата, најави денеска шефот на италијанската дипломатија Луиџи ди Мајо.

-Наша обврска е да ги заштитиме животите и здравјето на нашиот народ, рече Ди Мајо во интервју за телевизијата Rete 4.

Тој посочи дека, истовремено, Италија се залага слободата на патување во Европа да почне од 15 јуни.

-Франција и Германија ми ветија дека слободата на патување за европските граѓани ќе биде загарантирана од 15 јуни, рече Ди Мајо.

Шефот на италијанската дипломатија денеска ќе биде во Берлин, како што е најавено, каде ќе се сретне со германскиот министер за надворешни работи Хеик Мас.

Ди Мајо изрази надеж дека Италија ќе може да ја убеди Австрија да ги отвори своите граници за неговата земја.

-Австрија не е загрижена за Италија, туку само за одредени региони. Ние со факти  ќе се бориме против оваа загриженост, рече тој.

Австриската Влада вчера ги отвори своите граници и од полноќ ги укина мерките за карантин за сите соседи, освен за Италија. 

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Свет

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Read more

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Read more

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Read more

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Read more
 

Вести

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Читај повеќе

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Читај повеќе

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Читај повеќе

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Читај повеќе

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Читај повеќе

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе