Овој рецепт за паста со состојки од италијанската кујна всушност не е италијански, но е навистина вкусен.

Ражничите се јадење кое скоро секој го сака. Брзо се подготвуваат, најчесто на стапчињата се реди само месо, но има и такво со зеленчуци помеѓу мевцата. Овој пат треба да нанижете макарони натопени во пица сос.
Се подготвуваат навистина брзо, буквално и дете може да ги направи, а толку се добри што дури и Италијанците, кои се мајстори за сите јадења од тестенини, ќе позавидат на овој рецепт.
Потребни состојки:
- 250 гр макарони
- 200-300 гр кашкавал
- 2-3 виршли
- 40 гр маслинки (без семки)
- 5 лажици доматен сос
- босилок
- 100 гр пченка (од конзерва)
- 6 дрвени стапчиња за ражничи
- маслиново масло
Подготовка:
Сипајте вода во тенџере и ставете на рингла да се загрее. Кога водата ќе проврие додадете ги тестенините и намалете ја температурата. Добро измешајте, па варете отприлика 7-8 минути. Сварените тестенини исцедете ги. Потоа нанижете ги на дрвените стапчиња (по 15-16 макарони на стапче). Тавчето обложете го со хартија за печење, намачкајте малку маслиново масло и на него наредете ги ражничите. Макароните обилно премачкајте ги со доматен сос, а над него наредете кашкавал. Виршлите излупете ги (доколку имаат кеса) и исечкајте ги на крукчиња, а потоа наредете ги над кашкавалот, исто како и маслинките исечкани на тркалца. На крај фрлете по некое зрно пченка, а по желба додадете уште рендан кашкавал. Рерната загрејте ја на 180°C и печете по 10-15 минути додека не добијат златна боја. Готовите ражничи извадете ги од рерна, украсете со свеж босилок и послужете додека се топли.