Италијански грав со зелен зеленчук

Се подготвува полесно и побрзо од нашиот, а има интересен вкус. Во гравот треба да додадете зелен зеленчук како кељ и спанаќ и ќе добиете лесен и вкусен оброк.

Гравот е традиционално балканско јадење без кое не можеме да го замислиме студеното време. Се готви долго со суво месо и кога ќе го подготвите може да се јаде два дена. Има многу јадења кои можете да ги подготвите со грав, а ние ви предлагаме да пробате италијански рецепт кој се прави со мешање на грав со зелен зеленчук, како кељ и спанаќ. Изгледа убаво, да не зборуваме за вкусот. Ако сакате да биде веганско јадење, тогаш само избегнувајте го пармезанот.

Потребни состојки:

  • 1 кромид
  • 2 чешниња лук
  • 2 конзерви бел грав
  • 8 гранчиња мајчина душица
  • 1 лажичка сушен рузмарин
  • 1 лажица сув квасец
  • 400 мл булјон од зеленчук
  • 80 гр сечкан кељ
  • 80 гр сечкан спанаќ
  • малку пармезан

Подготовка:

Кромидот и лукот се сечкаат ситно и се пржат на малку масло. Потоа додадете мајчина душица и рузмарин и мешајте додека кромидот не порумени. Во тавата додадете го цедениот грав кој претходно сте го измиле, налејте малку вода и измешајте. Додадете квасец и супа и повторно измешајте. Оставете лесно да се крчка 10-15 минути, додека течноста во тавата не стане густа и сјајна. Додадете го сечканиот кељ и мешајте додека не се свари, доколку е потребно, додадете уште малку вода. Кога убаво ќе се соедини со гравот, додадете го спанаќот и измешајте. На крајот, доколку сакате, посипете со пармезан.

Тагови
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Рецепти

Рецепт на денот: Потпечено бело месо со карфиол

Read more

Скара денес? Пробајте го рецептот за маринада за совршено сочно месо

Read more

Одличен предлог за посен ручек: Тиквички со зеленчук, печурки и ориз

Read more

Почна сезоната на бозел: Со едноставен рецепт направете сок од оваа лековита билка

Read more
 

Магазин

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Читај повеќе

Време е да научите како паметно да се расправате во врската

Читај повеќе

Дали не смеете да јадете црвено месо?

Читај повеќе
  • filter

Фараоновото проклетство: Дали прерано ќе умре оној кој ќе ја отвори гробницата?

Читај повеќе

Зошто не е добра идеја да пиете кафе после јадење?

Читај повеќе

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Читај повеќе

Како да станете поодговорни со вашите пари?

Читај повеќе

Несоницата предизвикува мозочни и срцеви удари

Читај повеќе

Што е сексомнија?

Читај повеќе