Мини-серијата ќе се емитува на Netflix оваа есен и првата сезона ќе има 9 епизоди.
Во еден митски свет, каде магијата постои и владеат четири кралства, живее храбрата и бунтовна принцеза-воин Маја. Започнува возбудлива авантура со цел да исполни древно пророштво, но за таа цел треба да ги победи боговите и да го спаси човештвото.
Серијата веќе ја нарекоа и мексиканска, смешна верзија на „Lord of the Rings“, поради сличностите со легендарните филмови.
Режисер е Хорхе Гутиерес, кој претходно се прослави со „El Tigre“ и „The Book of Life“. Гласовите ги позајмуваат Зои Салдања, Габриел Иглесиас, Ален Малдонадо, Стефани Беатрис, Диего Луна, Гаел Гарсиа Бернал, Алфред Молина, Дени Трехо, Куин Латифа, Вајклеф Жан, Рита Морено и други.