Излезе трејлерот за втората сезона на серијата Loki

Студиото Marvel Entertainment објави трејлер за втората сезона од серијата Loki. Трејлерот беше прегледан 34 милиони пати за 24 часа.

За разлика од последните неколку серии на Marvel, како Secret Invasion или She-Hulk: Attorney at Law, серијата Loki беше позитивно оценета од критичарите и гледачите.

Том Хидлстон се врати во улогата на Локи, а заплетот на новата сезона е продолжение на настаните од првата сезона, која заврши кога Силви (Софија Ди Мартино) го уби негативецот He Who Remains (Џонатан Мејџорс), што го наруши време и го фрли Локи во алтернативна временска линија. За да се извлече од овој хаос, му помагаат Мобиус (Овен Вилсон) и ОБ (Ке Хуј Куан).

Remote video URL

Во новата сезона се појавуваат и Гугу Мбата-Ро, Вунми Мосаку, Јуџин Кордеро, Рафаел Казал, Тара Стронг, Кејт Дики, Лиз Кар и Нил Елик.

Режисерите на епизодите беа Џастин Бенсон, Арон Мурхед, Ден Делеју и Касра Фарахани, според сценарио напишано од Ерик Мартин. Извршни продуценти на серијата се Кевин Фајџ и Том Хидлстон.

Серијата ќе биде достапна на стриминг сервисот Disney+ од 6 октомври.

Тагови
реклама

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Read more

Филм & ТВ

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Read more

Netflix ги изнервира фановите на Emily in Paris

Read more

Три популарни филмови кои Бред Пит не сакал да ги снима

Read more

Елизабет Бенкс и Џесика Бил глумат сестри во новата трилер серија на Amazon

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Таjчи по 34 години го облече фустанот што го носеше на Евровизија

Читај повеќе

Почнува Евровизија, преставничката на Израел не излегува од хотелската соба

Читај повеќе
  • play_arrow

Netflix ги изнервира фановите на Emily in Paris

Читај повеќе
  • play_arrow

Три популарни филмови кои Бред Пит не сакал да ги снима

Читај повеќе

Елизабет Бенкс и Џесика Бил глумат сестри во новата трилер серија на Amazon

Читај повеќе
  • play_arrow

Скопје ќе биде домаќин на Светското првенство во хип хоп

Читај повеќе
  • play_arrow

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Читај повеќе

Како изгледа денес Роуз која го демнеше Чарли во Two and a Half Men

Читај повеќе