Изложба на грчкиот фотограф Вретакос за Вевчанскиот карневал

В сабота во 19 часот во Галерија „Рудиќ“ во Скопје ќе се отвори изложба на фотографии на Александрос Вретакос под името „Вевчански бајки и кошмари“.

Александрос Вретакос е грчки фотограф од Кожани кој го снима карневалот во Вевчани во последните 8 години. Тој кажува за тоа што го инспирирало и мотивирало толку пати да се врати на истото место:

„Барајќи на интернет пред осум години интересни фото дестинации на Балканот со карневалска тема, наидов на селото Вевчани. Оттогаш, секоја година го фотографирам континуирано. Од првата година ги запознав нејзините жители и со некои од нив станавме одлични пријатели. Бев многу импресиониран од гостопримството на жителите, и од нивната приемчивост и отворени врати насекаде“, вели Вретакос.

„Карневалот, кој се одржува секоја година во средината на јануари, традиционално се поврзува со почетокот на новата година и прославата на Дедо Мраз. Овој локален обичај ја покажува големата љубов на мештаните кон нивното село. Како и оправдана гордост што 'модерните години' не успеале да ги променат и да ги оттргнат од корените. Тоа е место кое се спротивставува на промените бидејќи е самодоволно. Голема предност за нашето време. Од првиот ден бев импресиониран од масовното учество на жителите на нивниот традиционален карневал. Традицијата вели дека мора да направат свои маски кои ќе ги запалат на крајот на карневалот и ќе се ослободат од своите улоги“.

„Традиционален карактер на карневалот и неговата автентичност ме маѓепсаа. Се обидов да се инфилтрирам фотографски и да ги тргнам моите кадри подалеку од воспоставената парада на карневалски веселби по главната улица. Инсистирав да ги изолирам маскираните луѓе на моите фотографии, обидувајќи се да ја репродуцирам атмосферата на мистерии и енигми што ги сретнав околу мене. Многу посетители мислат дека сè започнува и завршува со парадата. Наместо тоа, сè започнува многу порано и завршува во попладневните часови наредниот ден. Некои од моите ноќни фотографии не прикажуваат карневали, туку само рурални куќи. Ги ставив во истиот проект затоа што мислам дека ја имаат оваа заканувачка карневалска атмосфера. Конечно, верувам дека за да се ужива во карневалот во Вевчани, треба да се прифати неговото претерување и да се почитува неговата историја“.

Александрос Вретакос, започнал интензивно да се занимава со фотографија за време на студиите во Нови Сад, како член, во тоа време, на еден од најзначајните југословенски фото-клубови Бранко Бајиќ. Таа југословенска школа на фотографија сè уште се отсликува на неговите фотографии. Неговата фотографија се карактеризира со различни теми и техники што ги користи. Во повеќето негови проекти се открива надреалистичко расположение.

Имал 60 самостојни изложби и три последователни учества со изложби на Фото биеналето во Музејот на фотографија во Солун.

реклама

Голем месечен хороскоп за декември 2023

Read more

Ибра: Имам толку многу пари, а брат ми не успеав да го спасам

Read more

Зошто треба да јадете кисела зелка цела зима?

Read more

Откриено дека црната дупка во центарот на Млечниот Пат ги искривува времето и просторот

Read more

Култура

Томислав Османли добитник на книжевната награда Донат за животно дело

Read more

Проекција на документарниот филм The Hip-Brainstorm на Јане Алтипармаков во Струмица

Read more

Виртуозниот виолинист Роберт Лакатош настапува со Македонската филхармонија

Read more

Сензибилната трансформација на Дурацовски

Read more
 

Вести

Најголемиот климатски самит во историјата почна со една голема промена

Читај повеќе
  • play_arrow

Автомобил удри во мечка кај Тетово – полесно повредени децата во возилото

Читај повеќе

Владимир Путин нареди бројот на руски војници да се зголеми за 170.000

Читај повеќе

Северна Кореја: Попречувањето на нашите сателити би било објава на војна

Читај повеќе

Шести ден ни трага ни глас од исчезнатата Вања, се пребаруваат и подруми и речни корита

Читај повеќе

Паника во Брисел поради Орбан: Ја држи ЕУ како заложник

Читај повеќе

Доларот зајакна, цената на нафтата стагнира

Читај повеќе

Скопјанка овозможила возрасни да имаат секс со малолетнички и да ги снимаат

Читај повеќе

Скопје повторно на врвот на листите на загаденост на воздухот

Читај повеќе