Израел против планот за палестинска држава: Тоа би било награда за масакрот што ни го направија

Макфакс
/ 15.02.2024 / 16:29

Главните министри во владата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска ја отфрлија идејата за основање палестинска држава откога The Washington Post објави дека САД промовираат такви планови.

„Ние во никој случај нема да се согласиме со тој план, кој вели дека Палестинците заслужуваат награда за страшниот масакр што го извршија врз нас: палестинска држава со главен град Ерусалим“, изјави министерот за финансии, Безалел Смотрич.

„Палестинската држава е егзистенцијална закана за државата Израел како што беше докажано на 7 октомври“, рече тој додавајќи дека ќе побара од безбедносниот кабинет, кој треба да се состане подоцна во текот на денот, да заземе јасен став против палестинската државност.

The Washington Post денеска објави дека САД соработуваат со некои арапски држави, вклучувајќи ги Египет, Јордан, Обединетите Арапски Емирати, Катар и Саудиска Арабија, со кои Израел долго време се обидува да воспостави дипломатски односи на повоен план за регионот, што би вклучувало цврста временска рамка за формирање палестинска држава.

Палестинското Министерство за надворешни работи соопшти дека секоја политичка иницијатива што не почнува со палестинска држава како полноправна членка на ОН е „осудена да пропадне“.

Слични изјави, како таа на Смотрич, дадоа и министерот за национална безбедност, Итамар Бен-Гвир, министерот за дијаспора, Амичаи Чикли, министерот за образование, Јоав Киш, и пратеникот Матан Кахана, член на Партијата за национално единство, предводена од главниот противник на Нетанјаху, Бени Ганц.

„Катастрофа е Палестинците по 7 октомври да се наградат со формирање држава“, изјави Чикли од Ликуд за военото радио.

Војната во Појасот Газа избувна кога Хамас го нападна Израел на 7 октомври, при што загинаа 1.200 луѓе, а 253 беа киднапирани.

Во израелската офанзива на Појасот Газа оттогаш загинаа повеќе од 28.600 Палестинци, според палестинските здравствени власти.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Свет

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Read more

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Read more

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Read more

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Read more
 

Вести

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Читај повеќе
  • play_arrow

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Читај повеќе

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Читај повеќе

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Читај повеќе

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Читај повеќе

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Читај повеќе

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Читај повеќе