Израел размислува за копнена офанзива на Појасот Газа

Израелскиот министер за одбрана Бени Ганц нареди десет резервни единици на погранична патрола да бидат ангажирани за помош на полицијата во спречување на судири во арапско-еврејските градови низ земјата.

Во соопштението од кабинетот на Ганц се наведува дека тој нема да дозволи војниците на израелските Одбранбени сили да ги извршуваат полициските обврски во градовите, но на полицијата ќе ѝ биде пружена логистичка помош, пишува The Times of Israel. Министерот истакна дека во земјата е вонредна состојба и големи засилувања ќе бидат итно испратени да воведат закон и ред.

Генералштабот на израелската армија денеска ќе разгледа одобрување на евентуална копнена офанзива на Појасот Газа, најави портпаролот на војската Хидај Зиберман. Плановите за офанзива, во кои се вклучени дивизиите Газа и Јужна команда, би можеле потоа да бидат проследени на разгледување до израелското политичко раководство.

Речиси 100.000 Палестинци се собраа утрово во џамијата Ал-Акса во Источен Ерусалим за да извршат молитва за Рамазан бајрам. Многумина носеле палестински знамиња, а некои и транспаренти на кои се повикува на мир и победа во судирите.

Израел истрела ракети кон градот Газа, а движењето Хамас рано изутринава одговори со гранатирање на Тел Авив и Ерусалим.

Вкупниот број на загинати од понеделникот, кога ескалираше ситуацијата, достигна 67 лица во Појасот Газа, меѓу кои има и 16 деца, и седум жртви во Израел. 

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Свет

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Read more

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Read more

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Read more

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Read more
 

Вести

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Читај повеќе

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Читај повеќе

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Читај повеќе

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Читај повеќе

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Читај повеќе

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе