Израелски министер: Палестинци не постојат

МИА / КАЈГАНА
/ 20.03.2023 / 17:55

Крајнодесничарскиот министер за финансии на Израел, Безалел Смотрич, го негираше постоењето на палестински народ и рече дека тоа е концепт измислен пред помалку од 100 години.

– Не постојат Палестинци затоа што не постои ни палестински народ, рече Смотрич синоќа на настан во Париз.

Концептот, рече Смотрич, го измислиле „некои Арапи во регионот за да се борат против ционистичкото движење“.

Оваа „историска вистина“ мора да се слушне низ целиот свет, вклучително и во Белата куќа во Вашингтон, додаде тој.

– Не постои палестинска историја. Не постои палестински јазик, продолжи Смотрич во обраќањето, кое го одржа на хебрејски.

Тој додаде дека луѓето како него и неговите баба и дедо се „вистински Палестинци“ и истакна дека неговото семејство живее во регионот веќе 13 генерации.

Палестинското Министерство за надворешни работи реагираше на изјавата на Смотрич и ја нарече „расистичка, фашистичка и екстремистичка“ и поттикнува понатамошна ескалација во регионот.

Коментарите на Смотрич дојдоа откако вчера во Египет продолжија разговорите меѓу палестинските и израелските претставници за да се спречи ескалација на насилството. Тоа беше втор таков состанок за помалку од еден месец.

Функционерите ветија дека ќе работат на деескалација на насилството пред муслиманскиот свет месец Рамазан. Претходните години избувнаа судири меѓу израелската полиција и Палестинците во близина на џамијата Ал Акса во Ерусалим во екот на Рамазан.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Свет

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Read more

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Read more

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Read more

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Read more
 

Вести

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Читај повеќе
  • play_arrow

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Читај повеќе

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Читај повеќе

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Читај повеќе

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Читај повеќе

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Читај повеќе

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Читај повеќе