УЕФА ЛИГА ЕВРОПА 2022/2023

Извлечен најспектакуларниот пар во Лига Европа, судир на Барса и Јунајтед

Откако беа извлечени осминафиналните двојки за Лигата на шампионите, УЕФА ја направи и жрепката за второто по ранг европско клупско натпреварување, Лига Европа, каде фортуната даде неколку интересни дуели.

Од сите дуели се издвојува двобојот на Барселона со Манчестер Јунајтед. Првите испаднати од елитата, а вторите завршија на второто место во својата група, па фортуната прерано ги спои.

Екипите кои беа победници на групите во Лига Европа ќе бидат слободни во првата нокаут рунда, наречена плеј-оф, и ќе се приклучат од осминафиналето.

Првиот извлечен пар е апсолутно спектакуларен и достоен за финале од Лигата на шампиони, што овие екипи и имаат меѓусебно одиграно низ историјата. Ќе се сретнат Барселона и Манчестер Јунајтед, два тима кои спаѓаат во редот на најсилните европски клубови. Тоа ќе биде и дуел на великаните Роберт Левандовски и Кристијано Роналдо, нор,ално, доколку Португалецот не го напушти Манчестер во зимскиот преоден рок, како што се најавува.

Добро мина Јувентус кој ќе игра против француски Нант, додека Рома и Жозе Мурињо ќе одат во Австрија на дуел со Салцбург.

Извлечените двојки:

Барселона - Манчестер Јунајтед
Шахтар - Рен
Јувентус - Нант
Ајакс - Унион Берлин
Спортинг - Митјиланд
Баер Леверекузен - Монако
Севиља - ПСВ
Салцбург - Рома

Првите натпревари ќе се играат на 16 февруари, додека реваншите се закажани една недела подоцна, на 23. Тимовите кои ќе победат во двобоите ќе се изборат за осминафинале против првопласираните екипи од групната фаза. Осминафиналето ќе почне на 9 март.

Тагови
реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Фудбал

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Read more

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Read more

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Read more

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Read more
 

Спорт

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Читај повеќе

Јирген Клоп: Извинете

Читај повеќе