Јанева пред Советот на јавни обвинители образложуваше зошто се откажа од „Пуч“

Тим на Специјалното јавно обвинителство, предводен од обвинителката Катица Јанева, имаше работна средба во Советот на јавните обвинители.

Јанева, по завршувањето на средбата, рече дека се зборувало за тековни работи и проблеми со кои се соочува СЈО, но без да изнесе детали за тоа дали на барање на Советот ќе му го дадат предметот „Пуч“ од чие обвинение СЈО се откажа.

„Беше работна средба, ќе има уште вакви средби. Сè уште ништо не е конечно ќе разговараме и понатаму дали ќе им го предадеме предметот „Пуч“, рече Јанева по средбата.

Таа не ја коментираше претставката од МВР по која Советот побара СЈО да појасни зошто се откажало од понатамошно кривично гонење на пет лица меѓу кои и лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

Во заедничкото соопштение од СЈО и Советот за јавни обвинители се вели дека на средбата станало збор по писменото барање на Советот за предавање на увид на списите по предметот „Пуч”.

СЈО во јануари соопшти дека се откажува од обвинението за „Пуч“ кое го наследни од Обвинителството за организиран криминал и корупција бидејќи доказите со кои располагаат се во спротивност со доказите до кои тие дошле во истражните постапки „Таргет“ и „Тврдина“.

Во „Пуч“, покрај лидерот на СДСМ Зоран Заев, обвинети беа и поранешниот разузнавач Зоран Верушевски, неговата сопруга Соња, општинскиот службеник од Струмица, Бранко Палифров и Ѓорги Лазаревски, вработен во МВР. Тие беа осомничени за шпионажа и за насилство спрема претставници на највисоките државни органи. 

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Read more

Македонија

ПОЦ: Бесплатен паркинг во Центар за време на Велигденските празници

Read more

Левица: Државни пензионерски домови, линеарно покачување на пензиите

Read more

ВЛЕН: Влада и Бадентер да, но без ДУИ

Read more

Лимани: Судот ја прифати жалбата на ВРЕДИ за бугарскиот воз во Липково, се докажа изборниот инженеринг на ДУИ

Read more
 

Вести

Полска и по 20 години во ЕУ не е подготвена да го воведе еврото

Читај повеќе

ПОЦ: Бесплатен паркинг во Центар за време на Велигденските празници

Читај повеќе

Левица: Државни пензионерски домови, линеарно покачување на пензиите

Читај повеќе

ВЛЕН: Влада и Бадентер да, но без ДУИ

Читај повеќе

Паѓаат приходите на Starbucks, дали бојкотот успева?

Читај повеќе

Празнично ретро шоу на олдтајмери во Крива Паланка

Читај повеќе

Во Швајцарија се водат мировни преговори за Украина, Русите не доаѓаат

Читај повеќе

Вториот најголем град на Островот пропадна: Бирмингем продава сѐ што може

Читај повеќе

Екстремната десница во Австрија брутално расте, се спомнува „излегување од лудилото на ЕУ“

Читај повеќе