Јавноста исклучена од седницата на Уставниот суд

Јавноста ќе биде исклучена од седницата на Уставниот суд на која ќе се расправа и ќе се гласа за оспорување на измените на Законот за помилување донесени во 2009 година, со што се отвора можност Судот да ги зголеми ингеренциите на Претседателот на државата и да може да помилува лица осудени за изборен криминал.

„Преглед на иницијативи за оценување на уставноста и законитоста предложени за седмата седница на Уставниот суд на Република Македонија закажана за 16.03.2016 година, со почеток во 09.00 часот - ЈАВНОСТА НА СЕДНИЦАТА Е ИСКЛУЧЕНА“, стои на соопштението објавено на веб страницата на Уставниот суд.

Седниците на Уставниот суд досега секогаш беа отворени за јавноста, освен гласањето кое е тајно.

Пред Уставниот суд досега се одржаа три протести на коишто граѓаните побараа оставка од петтемина судии: Јован Јосифовски, Владимир Стојановски, Вангелина Маркудова, Елена Гошева и Никола Ивановски, кои гласаа „за“ иницијативата за разгледување на Законот за помилување.

За попладнево пред Уставниот суд, платформата за граѓанска политика „Ајде“ најави протести пред Уставниот суд. Оттаму најавија дека во 18 часот од пред Владата ќе почне протестен марш, кој ќе помине покрај народната канцеларија на претседателот Ѓорѓе Иванов и Собранието, и ќе заврши пред Уставниот суд со голем народен протест. Вечерта, пред Уставниот суд ќе се одржи бдеење над Уставот, а во среда ќе ги пречекаат уставните судии кои на седница треба да одлучуваат за иницијативата, да се прогласат за неуставни дел од одредбите на Законот за помилување.

Најавија и дека ќе побараат оставка од оние уставни судии кои ја поддржуваат ваквата иницијатива, се со цел, во иднина, да не носат и други одлуки кои ќе му наштетат на Уставот и суверенитетот на државата, и пред се на интересите на граѓаните.

Протестите ги поддржа и опозициската СДСМ и други помали партии.

Во меѓувреме градоначалникот на Карпош, Стевче Јакимовски со дел од вработените од Општината Карпош го опколија целиот простор околу Уставен суд, на местото каде што се најавени протестите. 

реклама

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Read more

Македонија

На денот на изборите автобусите по неделен возен ред, жичницата нема да работи

Read more

Од полноќ пониски цени на горивата

Read more

Бојан Јовановски за пријавата од Кичеец: Ова е почеток на една битка со цела криминална банда

Read more

Ден пред двојните избори гласаат болните и изнемоштените лица, затворениците и дијаспората

Read more
 

Вести

На денот на изборите автобусите по неделен возен ред, жичницата нема да работи

Читај повеќе

Италијанскиот министер за одбрана: Треба да преговараме со Путин

Читај повеќе
  • play_arrow

Путин: Подготвени сме за разговор со Западот, но без ароганција и сила

Читај повеќе

Од полноќ пониски цени на горивата

Читај повеќе

Хамас го прифати договорот за прекин на огнот

Читај повеќе

Бојан Јовановски за пријавата од Кичеец: Ова е почеток на една битка со цела криминална банда

Читај повеќе

Советот на Европската Унија го усвои планот за раст за Западен Балкан

Читај повеќе

Претепани политичари во Германија, граѓаните излегоа на улица

Читај повеќе

Ден пред двојните избори гласаат болните и изнемоштените лица, затворениците и дијаспората

Читај повеќе