НБА 2023/2024

Јокиќ броеше до 42 и престигна легенда на Денвер, трипл-даблот на Дончиќ недоволен за Далас

Ноќеска се одиграа девет натпревари од НБА лигата, а уште една вечер одбележаа одличните Никола Јокиќ и Лука Дончиќ, додека на паркетот се врати Жоел Емиид.

Денвер Нагетс на домашен терен го победија Сан Антонио Спарс со 110:105, а Јокиќ го надигра младиот Виктор Вембанјама и постигна 42 поена, додавајќи 16 скока и 6 асистенции.

Јокиќ со 42-та поена го мина Кармело Ентони на вечната листа на стрелци на Денвер и сега е на третото место.

URL

Јокиќ за Денвер има постигнато 13.978 поени, а 8 помалку (13.970) има Кармело. Сега Јокиќ ги лови Ден Ајсел (14.659 поени) и лидерот на листата Алекс Инглиш (21.645 поени).

Вембанјама, пак, во дресот на Спарс имаше учинок од 23 поени, 15 скока и 8 асистенции.

Remote video URL

Лука Дончиќ забележа уште еден трипл-дабл и така ја продолжи трката со Јокиќ за МВП наградата, но неговиот Далас Маверикс беше поразен од Голден Стејт Вориорс со 105:100.

Словенечкиот кошаркар мечот го заврши со 30 поени, 12 скока и 11 асистенции.

Remote video URL

Џоел Ембиид заигра во дресот на Филаделфија 76ерс само два месеца по операцијата на коленото, бидејќи го имаше повредено менискусот. Во победата над Оклахома Сити Тандер од 109:105 постигна 24 поени, имаше 6 скока и подели 7 асистенции.

Remote video URL

Резултати:

Вашингтон Визардс - Милвоки Бакс 117:113
Торонто Репторс - Лос Анџелес Лејкерс 111:1
Мајами Хит - Њујорк Никс 109:99
Филаделфија 76ерс - Оклахома Сити Тандер 109:105
Минесота Тимбервулвс - Хјустон 113:106
Јута Џез - Кливленд Кавалирс 113:129
Денвер Нагетс - Сан Антонио Спарс 110:105
Сакраменто Кингс - Лос Анџелес Клиперс 109:9
Голден Стејт Вориорс - Далас Маверикс 104:100

Табела:

реклама

Крај на кредитите и долговите: 4 хороскопски знаци ќе добијат пари во мај

Read more

Невролог советува на која возраст треба целосно да се престане со пиење алкохол

Read more

Едноставна техника - божествен изглед: Вапцање јајца со свила

Read more

Почна сезоната на бозел: Со едноставен рецепт направете сок од оваа лековита билка

Read more

Кошарка

Леброн одговори на прашањето дали ќе остане во Лејкерс

Read more

Јокиќ ги испрати Леброн и Лејкерс на годишен одмор

Read more

Клиперс израмни на 2-2 среде Далас, пиров трипл-дабл за Дончиќ

Read more

Јовиќ им пркоси на законите на гравитацијата

Read more
 

Спорт

Ерлинг Холанд станува лик во култна видео игра

Читај повеќе

Не е само шоу, Ајрон Мајк оди на 51. победа во кариерата

Читај повеќе

Леброн одговори на прашањето дали ќе остане во Лејкерс

Читај повеќе

Битка на титаните: Баерн и Реал по осми пат играат за финале

Читај повеќе
  • play_arrow

Јокиќ ги испрати Леброн и Лејкерс на годишен одмор

Читај повеќе

Дали Шпанија ќе биде исфрлена од ЕУРО в петок?

Читај повеќе

Лазаров го објави списокот на ракометари за баражот против Фарски Острови

Читај повеќе
  • play_arrow

Иџе вози Ferrari на ридски патеки

Читај повеќе

Форлан стана професионален тенисер - првиот турнир во јуни

Читај повеќе